Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Таравари остана без надлежност да разрешува и именува директори во училиштата

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Македонија

Таравари остана без надлежност да разрешува и именува директори во училиштата
taravari-1200x545_c.jpg

Министерството за образование вчера донело решение со кое на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари му ги одзеде надлежностите  во образованието, во делот на разрешување и именување на директори на основни училишта, рече министерката за образование Рената Дескоска, одговарајќи на пратеничко прашање на Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците, на седницата за собраниски прашања.

Според решението на МОН, Таравари идните девет месеци ќе нема право да именува и разрешува директори на основни училишта во Општина Гостивар.

Министерката рече дека решението за одземање на надлежноста на градоначалникот Таравари доаѓа по проверките на Државниот просветен инспекторат, бидејќи градоначалникот разрешувал и именувал директори надвор од законската постапка. Дескоска рече и дека се поништени сите решенија на Таравари за разрешување и именување на директори во училиштата во Гостивар.

Пратеникот Рашиди ја праша министерката дали се точни информациите дека гостиварскиот градоначалник ќе остане без надлежност во сферата на образованието.
 

 22.02.2018, 12:25  | Xh.I. | 216

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

15250
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.