МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јавното обвинителство формира Комисија за следење на нерегуларности на референдумот
Дурловски ја насочуваше толпата во Собранието, сведочеше градоначалникот на Шутка, Ку..
Земјоделско здружение му додели плакета на министерот Николовски
ВИДЕО: Јовановиќ: НАТО ни е потребно за да не се испоубиеме на Балканот
Свет
Трамп: Би помогнало доколку наставниците се вооружат

Трамп: Би помогнало доколку наставниците се вооружат

четврток, 22 февруари 2018, 15:43ч.   |   Z.H.

 Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа сугерираше дека вооружувањето наставници би можело да помогне во спречување на масакри како минатонеделната пукотница во училиште на Флорида, кога беа убиени 17 ученици.

 
Трамп ја поддржа таквата идеја за време на средбата во Белата куќа со учениците кои го преживеаа масакрот.
 
– Кога би имале наставник кој е вешт и обучен да ракува со оружје, тоа можепе да го запре нападот многу брзо, изјави американскиот претседател воедно признавајќи дека таквата идеја би предизвикала контроверзи.
 
Меѓу учениците со кои имаше средба беа и шестмина ученици од училиштето во Флорида каде беше изведен нападот мината недела.
 
Во меѓувреме, илјадници ученици се собраа пред сојузното собрание во Талахаси, главниот град на Флорида, барајќи измена на законот за оружје. Тие се заканија дека ќе бидат против републиканците кои одбиваат да ги разгледаат новите мерки за контрола на оружје.
 
– Гласајте за нивно заминување, извикуваа учениците .
 
Пратениците во Собранието на Флорида одбиваат ограничување на оружјето откако Републиканската партија ја има контролата над парламентот во 1999 година.
 
Главното барање на учениците – забрана на оружје од типот на пушката АР-15, која ја користел напаѓачот Николас Круз, претходниот ден беше отстрането од дневниот ред на Собранието на Флорида.
 
– Знаеме што сакаме. Сакаме реформа за оружјето. Сакаме здраворазумски закони за оружје, изјави ученичката Дилени Тар, обраќајќи се пред новинарите.
 
Таа рече дека учениците разговарале со неколку пратеници, но од нив добиле само „ќе ве имаме во мислите“, „толку сте јаки, толку сте силни“.
 

© ЖУРНАЛ    ~57,19

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
(Видео) Воен авион леташе низ ураганот Флоренс
Израелските медиуми: Што ако сега С-300 стигне во Сирија?
Во Германија паднал најголемиот град регистриран досега во Европа
Десетина загинати при уривање на надвозник во Италија
Долго очекуван црвен картон за Унгарија
Европа среде септември пред топлотен бран: Следи температурен шок
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.