МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Стејт депармент: Лидерите во македонското Собрание да ги надминат партиските политики
Шекеринска: Собранието има историска можност и одговорност да ја отвори вратата за НА..
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Здравје
Научниците на праг на тестот за рано откривање на аутизмот

Научниците на праг на тестот за рано откривање на аутизмот

вторник, 20 февруари 2018, 14:40ч.   |   Z.H.

 Истражувањето кое е направено на Универзитетот Ворвик покажало дека кај децата со аутизам постои поголем степен на оштетени протеини, во споредба со децата кои го немаат тоа нарушување.

 
Истражувачите наведуваат дека новите тестови би можеле да доведат до порано откривање на оваа состојба, за која понекогаш е тешко да се постави дијагноза.
 
Стручњаците напоменуваат дека треба да се биде претпазлив и дека претсои многу работа додека тестот не биде сосема развиен.
Аутизмот влијае на однесувањето и социјалната интеракција, но тешко се воочува кај бебињата па дијагнозата се поставува обично околу втората година кај детето, а често и подоцна.
 
Во моментот не постојат биолошки тестови кои можат да ја откријат оваа состојба, а дијагнозата се поставува врз основа на лекарската проценка на однесувањето.
 
Во новата студија, чии резултати се објавени во магазинот „Молекуларен аутизам“, истражувачите трагале по хемиските разлики во крвта и урината на 38 аутистични деца и 31 дете кои го немаат тоа нарушување, на возраст од пет до 12 години.
 
Децата со аутизам имале повисоко ниво на оштетени протеини, особено во крвната плазма, а тоа е доведено во врска со полошото здравје.
 
Докторката Наила Рабани од Универзитетот Ворвик, која го водела истражувањето, рекла дека овие тестови со воочување на маркерите би можеле да им овозможат на лекарите порано да ја постават дијагнозата на аутизмот. Таа додала дека следниот чекот е реплицирање на заклучокот од студијата во другите групи. 

© ЖУРНАЛ    ~156,54

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Како старее човечкиот организам?
Истражување: Прекумерна употреба на Бруфен предизвикува губење на слухот кај жените
МЗ: Нема опасност од појава на „мајмунски сипаници“
Абортус ќе може да се изврши и со таблети
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.