МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Потпишан меморандум за соработка меѓу МНР и Инфо-центарот за евро-атлантски интеграци..
Папата ќе ја посети Македонија во мај
Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да ..
Катимерини: Ретките несреќни коментари на Заев се за да и се додвори на домашната пуб..
Македонија
Почнува судењето против Ивона Талевска за затајување данок

Почнува судењето против Ивона Талевска за затајување данок

понеделник, 19 февруари 2018, 09:22ч.   |   Xh.I.

Во кривичниот суд денеска треба да почне судењето за новинарката Ивона Талевска во предметот на СЈО познат како „Тифани“. Името на предметот е од познатиот луксузен бренд за долна облека „Тифани“. СЈО ја обвини Талевска дека затајувала данок.

Според обвинението, Ивона Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок.

Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.

Судијката Софија Лаличиќ, која во бомбите разговараше со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за избор на судии во кривичниот суд, ќе ја суди новинарката Ивона Талевска. Според распоредот на претседателот на судот, Иван Џолев, Лаличиќ суди во одделот за кривично-полнолетни.

Судијката од бомбите се иззема од сите предмети на СЈО. Кај неа не се падна за оценка ниту едно од обвиненијата на обвинителството на тимот на Јанева. Лаличиќ се иззема од судскиот предмет „Тотал“ против Драган Павловиќ – Латас. Дали тоа ќе го направи и овојпат останува да се види.

© ЖУРНАЛ    ~97,33

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.