Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Филмскиот циклус „Уредник со причина“ ќе го почне Влатко Стефановски

Одобрено обвинението за Чавков и петмина пратеници
Север: Договорот за името е голем чекор за целиот Балкан
Хан: Иванов да преземе одговорност за процесот за договорот со Грција
Ѕанакопулос: Договорот е политичка победа, се решава прашање старо 30 години

Култура

Филмскиот циклус „Уредник со причина“ ќе го почне Влатко Стефановски
vkatko-stefanovski-701x467_2018215111825.jpg

 Кинотеката на Македонија овој месец ќе го воведе филмскиот циклус „Уредник со причина“ во кој ќе бидат прикажувани филмови избрани од некоја јавна личност. Прв уредник на филмови по личен избор ќе биде Влатко Стефановски.

 
- Програмата ќе претставува филмска селекција која го потенцира персоналниот аспект на доживувањето на едно филмско дело и секој месец една јавна личност ќе има можност и слобода да биде „филмски уредник“, соопшти Кинотека.
 
Како еден од најпознатите и најуспешни македонски музичари со сестран  опус разбирливо, велат од Кинотека, што селекцијата на Стефановски  се состои од филмови со моќна музичка подлога.
 
По негов избор на 26 февруари ќе биде прикажан „Париз, Тексас“ на Вим Вендерс (1984), на 27 февруари македонскиот „Мирно лето“ на  Димитрие Османли (1961) и на 28 февруари - „Големата убавина“ на режисерот Паоло Сорентино (2013).
 
По проекцијата на „Големата убавина“ Влатко Стефановски ќе се дружи со публиката со која ќе разговара за филмовите од програмата. 
 15.02.2018, 15:08  | Z.H. | 114

 

© ZURNAL.mk

 Култура 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

37328
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.