Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Анѓушев: За два месеца осум нови иневстици во ТИРЗ, вредни 75 милиони евра

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Економија

Анѓушев: За два месеца осум нови иневстици во ТИРЗ, вредни 75 милиони евра
15022018111946_web_angusev2.jpg

Во последните два месеци по претставувањето на Програмата на Владата за економски раст има нови осум инвестиции во ТИРЗ во вкупна вредност од 73,5 милиони евра што ќе отворат 1.570 нови работни места, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

- За два месеци со нула потрошени пари имаме осум нови инвестиции со над 75 милиони евра и повеќе од 1.500 вработени, а за седум години со потрошени 225 милиони евра имаше само 23 инвестиции. Уште не сме ја почнале Програмата, а веќе се потпишани нови осум договори, а во скоро време ќе има уште 30 нови договори за странски инвестиции - рече Анѓушев на денешната прес-конференција во Владата и најави дека има заинтересираност и кај домашните компании за инвестирање.

Како што кажа, шест од странските компании кои се веќе присутни во земјава најавиле удвојување на своите капацитети по препознавањето на можностите што ги нуди Програмата за економски раст.

Тој посочи дека инфраструктурата во скоро сите ТИРЗ не е дозавршена и додаде дека Владата во Буџетот предвидела средства за нејзино финиширање.

Според симулацијата, како што кажа, што  претходното ја направиле, само три од постојните 23 компании во ТИРЗ-овите нема да добијат повеќе средства со Програмата за економски раст, а тоа се компании на кои им било дозволено да не плаќаат социјално и здравствено осигурување за вработените. Кај сите останати компании државната помош ќе биде поголема од претходно.

Министерот за економија Крешник Бектеши нагласи дека од денеска на ЕНЕР е ставен законот за финансиска поддршка на инвестициите, а вицепремиерот Анѓушев нагласи дека очекува до крајот на март тој да биде донесен, по што ќе биде и официјализирана Програмата за економски раст.

Симулациите што ги правеле кога ја носеле Програмата покажале дека за годинава се доволни 50 милиони евра што се издвоени од Буџетот за 2018 за поддршка на компаниите согласно Планот за економски раст, а доколку има потреба, како што нагласи, ќе биде направен и ребаланс.

 15.02.2018, 11:38  | Xh.I. | 151

 

© ZURNAL.mk

 Економија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

24190
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.