Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Побарано разрешување на 110 судии, меѓу нив и на Вангеловски

Премиерот Заев на 29 и 30 мај во официјална посета на Малта
Погрдни графити на спомен одбележјето на Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Кума..
Преговорите за името се селат во Брисел
Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат

Македонија

Побарано разрешување на 110 судии, меѓу нив и на Вангеловски
13022018125133_web_vangelovski.jpg

За 110 претставки  за разрешување судии треба да расправаат членовите на Судскиот совет на наредните седници, од која првата е закажана за четврток. Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување на факти, но има и други подносители.

Три претставки од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку од адвокати и други странки во постапките, како што објавува порталот сакамдакажам.мк, има за судијката Моника Бахчовановска, а пред Судскиот совет се наоѓаат и иницијативите за разрешување на кривичната петорка од Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски, натаму на Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.

Во најавата за седницата в четврток објавена на веб страницата на Судскиот совет како шеста точка е ставена расправа по барање за поведување постапка за утвдување одговорност за судија, но повеќе детали не се соопштени.

 13.02.2018, 14:13  | Xh.I. | 63

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22226
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.