МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Утре и задутре затворен патот Велес – Градско
Собраниската седница прекината, матичните комисии треба да ги разгледаат предлог-зако..
Заев: Начелно постои согласност за консензуален претседателски кандидат
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат претседател, кој ќе ја води државата кон нови побед..
Македонија
Ѕанакопулос: Соседите треба во пракса да покажат дека ја смениле реториката

Ѕанакопулос: Соседите треба во пракса да покажат дека ја смениле реториката

вторник, 13 февруари 2018, 11:31ч.   |   Xh.I.

Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос порача дека за решавање на спорот за името топката во овој момент е кај Македонија која во пракса треба да покаже дека ја сменила реториката.

„Топката во овој момент е на теренот на нашите соседи, кои ќе треба и во пракса да покажат дека е промената реториката на владата што може да одведе до опипливи резултати во односите на двете земји“, изјавил Ѕанакопулос за радиото Алфа 989.

Во врска со различните позиции на Скопје и Атина за промената на македонскиот Устав, нешто што грчкиот премиер Алексис Ципрас го спомена како предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев отфрли можност за измени, Ѕанакопулос, како што пренесува МИА, рекол дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повторил грчките позиции.

„Многу добро знаете дека едно взаемно прифатливо решение, токму за да биде взаемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова, сметаме дека е рамката во којашто би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение“, вели Ѕанакопулос.
 

© ЖУРНАЛ    ~88,30

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.