Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Како помага рибиното масло

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Како помага рибиното масло
vitosi1_1.jpg

Здравствени предности на Омега-3 мастите. 

Рибиното масло му помага на целиот организам!

Тоа потекнува од ткивото на масните риби, а најголем негов извор се рибите кои живеат во ладните води: лосос, харинга, бела риба, сардини, инчуни. Рибиното масло претставува концентриран извор на омега-3 масти. Омега-3 масните киселини имаат поволно влијание врз здравото функционирање на кардиоваскуларниот систем, даваат поддршка на имуниот систем, делуваат антиоксидативно, го поттикнуваат метаболизмот на кожата и помагаат уште многу функции.

Но, нашето тело не може да ги произведе самостојно и заради тоа неопходно е да се внесат преку храната и витаминските додатоци. Во рибиното масло се наоѓа и витаминот Д кој е многу значаен витамин, особено во текот на зимскиот период, исто како и витаминот А кој речиси сите го забораваме.

Оддамна е познато дека суплементите на база на рибино масло навистина имаат одлично влијание на општото здравје кај сите возрасни групи, особено кај младите. Но, денес ќе Ви пренесеме одредени нови сознанија поврзани за рибиното масло, како што е на пример неговото позитивно влијание врз здравјето на луѓето кои живеат во град и влијанието врз мозочните функции.

Штити од загадување на воздухот

Една од најважните придобивки на рибиното масло е тоа што штити од загаденоста на воздухот со која се соочуваме сé повеќе. Омега-3 масните киселини овозможуваат заштита од несаканите ефекти врз срцето и липидите предизвикани од аерозагадувањето и затоа, особено се препорачува на возрасните и децата кои живеат во град.

Светската здравствена организација проценува дека 2 милиони луѓе секоја година се жртви на загадување на воздухот - главно преку штетата што ја предизвикува загадениот воздух врз срцето и крвните садови. Препораката која доаѓа од СЗО за луѓето кои живеат во области каде што има многу сообраќај и индустрија, а сакаат да го заштитат своето здравје од штетните ефекти од загадувањето на воздухот, е да го воведат рибиното масло во својата исхрана. Се претпоставува дека дневната доза од 3 грама рибино масло во голема мера ги спречува негативните кардиоваскуларни ефекти на загадување на воздухот. Според СЗО, изложеноста и вдишувањето на загаден воздух го намалува количеството на неутрофили, најбројните леукоцити во крвта. Земањето додатоци во исхраната на база на рибино масло, според нивните истражувања, го намалува овој деструктивен ефект врз здравјето особено кај дечињата во развој, а чиишто последици вообичаено доаѓаат до израз во подоцнежниот период.

Позитивно влијае на мозочните функции

Докажано е дека суплементите на база на рибино масло влијаат на когнитивните функции кај човекот. Истражувањата покажуваат дека постојат разлики во структурата на мозокот кај децата кои користат и оние кои не користат рибино масло. Поточно, исхраната сиромашна со омега-3 масни киселини може да предизвика прерано или пребрзо стареење на мозокот поради неговата намалена функција, губење на меморијата и осиромашување на способностите за размислување.

Омега- 3 може да го поттикне и подобри развојот на мозокот за време на детскиот развоен период, како и да придонесе за функциите на мозокот во подоцнежниот период откако ќе заврши развојот. Недостатокот на масните киселини DHA и EPA, исто така, може да биде фактор кој придонесува за когнитивни оштетувања. Според научните истражувања, рибиното масло го зголемува протокот на крв за време на менталните активности кај младите.
Недостатокот на Омега- 3 масните киселини може да предизвика многу тегоби кои се појавуваат постепено. Затоа додатоците во исхрана на природна база веќе се сосема вообичаен дел од секојдневниот живот на децата, младите и возрасните.


Кое рибино масло да го одберете?

Комбинацијата од Омега 3 и Витамин Д уште во рана возраст ќе им помогне на вашите деца адекватно да се изборат со здравствените предизвици со кои се соочуваат. Сé почесто се поставува прашањето: ако околностите се толку поразителни, тогаш како да се гради и стекнува имунитетот кај дечињата?

Витоси како комбинација од Омега 3 и Витамин Д го помагаат имунитетот но, исто така, придонесуваат и за подобро учење, меморија и концентрација.
Наменети се за деца над 3 години, но не се резервирани само за децата, туку може да уживаат и возрасните кои консумираат риба помалку од 2 пати неделно. Докажано е дека ниското ниво на омега-3 масни киселини може негативно да влијае и на менталното здравје.

Во бројни студии е потврдено дека групите деца кои земаат рибино масло имаат позитивни промени во вид на зголемено внимание, концентрација, способности за учење, работна меморија, како и подобрен имунолошки систем.

Витоси се меки пастили за џвакање со бројни предности: имаат одличен вкус на портокал (без вештачки ароми), не оставаат непријатен вкус на риба во устата (и со тоа не предизвикуваат гадење), не содржат шеќери, глутен и лактоза, овозможуваат до 44% подобра апсорпција на омега-3 во однос на други препрати.

М-р по фармација Кирил Пецевски

 

 

 

 13.02.2018, 11:19  | Z.U. | 219

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35357
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.