МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Потпишан меморандум за соработка меѓу МНР и Инфо-центарот за евро-атлантски интеграци..
Папата ќе ја посети Македонија во мај
Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да ..
Катимерини: Ретките несреќни коментари на Заев се за да и се додвори на домашната пуб..
Свет
Шест земји формираа „Глобална коалиција за среќа“

Шест земји формираа „Глобална коалиција за среќа“

вторник, 13 февруари 2018, 14:03ч.   |   Z.H.

 Обединетите Арапски Емирати, Казахстан, Костарика, Мексико, Португалија и Словенија создадоа „Глобална коалиција за среќа“, беше соопштено на Шестата светска владина средба на врвот во Дубаи, посветена на прашања за ефективно државно управување и воведување на современите технологии во различни сфери на животот.

 
На престижниот форум учествуваат повеќе од 4.000 делегати од 140 земји, вклучувајќи и лидери на меѓународни организации, претставници на раководствата на водечки научно-технички структури и на технолошки корпорации од цел свет.
 
На церемонијата по повод потпишувањето на договорот за создавање на Глобалната коалиција за среќа присуствуваше и премиерот на Обединените Арапски Емирати и управникот на емиратството Дубаи Мухамед бен Рашин Ал Мактум, под чие покровителство се одржува форумот.  Документот беше потишан од министри од шесте земји.
 
- Светот има потреба од нови форми на коалиции, кои ќе работат за благосостојбата и среќата на народите. Дојде време да се обединат напорите на владите за формирање на нови пристапи и механизми, кои ќе дозволат да се постигне среќа за луѓето и да се подобри квалитетот на нивниот живот, изјави Ал Мактум.

© ЖУРНАЛ    ~87,29

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Макрон дава оставка – Францускиот претседател вечерва се обраќа на нацијата?!
Руски воен авион упадна на најголемата вежба на НАТО
ЕУ го укинува зимското сметање на времето
Уапсена главната финансиска директорка на „Хуавеј“
Анестезиолог инфицирал 1.300 пациенти со хепатит Ц во Германија
Холандија: Уапсен маж, пронајдени 350.000 евра во машина за перење
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.