Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Циклонот Гита ја опустоши островската држава Тонга

Премиерот Заев на 29 и 30 мај во официјална посета на Малта
Погрдни графити на спомен одбележјето на Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Кума..
Преговорите за името се селат во Брисел
Нимиц: Се уште нема конечно решение, двете страни се одлучни да го најдат

Свет

Циклонот Гита ја опустоши островската држава Тонга
13022018092248_web_tonga.jpg

 Малата островска држава Тонга во Тихиот Океан е опустошена од тропскиот циклон Гита, кој ги погодил островите минатата ноќ.

 
Според медиумите во Нов Зеланд, циклонот бил од четврта категорија, а налетите на ветрот во епицентарот достигнувале брзина од 54 метри во секунда, или над 200 километри на час. Околу 70 отсто од домовите и објектите во Нуку'Алофа – главниот град на Кралството Тонга, се целосно или делумно урнати. На повеќето места по островите нема струја. Паднати се многу дрва и електрични столбови.
 
Тонга се состои од околу 170 острови, оддалечени еден од друг десетици и стотици километри во југозападниот дел на Тихиот Океан, со вкупна површина од околу 750 километри квадратни и со население од 107.000 лица. Повеќе од 70 отсто од населението живее на главниот остров Тонгатапу, кој најмногу е погоден од невремето.
 
За жртви и сериозно поведени лица засега нема информации, но десетици луѓе побарале медицинска помош.
 
Циклонот продолжува да се засилува, се движи кон запад и се очеква оваа ноќ да ги погоди јужните острови на архипелагот Фиџи, но да го избегне главниот град Сува и големите градови рапоредени на северните острови. 
 13.02.2018, 12:31  | Z.H. | 45

 

© ZURNAL.mk

 Свет 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

22374
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.