МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Зголемен бројот на заболени од грип
Повеќемина повредени уште се во критична состојба
Македонија
Ќе му ја ќари ли Каремани, Беса на Касами?

Ќе му ја ќари ли Каремани, Беса на Касами?

понеделник, 12 февруари 2018, 15:21ч.   |   Xh.I.

Крилото на Беса кое застана зад привремениот претседател Неџбедин Каремани се пишмани и го закажа партискиот конгрес за 18 февруари, наместо на 24 месецов, како што беше претходната најава дека во ист ден ќе се одржат два конгреса и на поддржувачите на Каремани и на тие на актуелниот лидер Билал Касами.

Според портпаролот Орхан Муртезани, конгресот е поместен, бидејќи завршиле со подготовките.

Неофицијално, таборот на Каремани решил први да одржат конгрес оти веруваат дека го имаат мнозинството на членството и со тоа и легитимитетот и легалитетот, тие да бидат носители на името и печатот на Беса. Брзањето конгресот да биде една недела порано од првично закажаниот датум се толкува и како обид на групата на Каремани да ја стави пред свршен чин групата на Касами, односно да стане беспредметно одржување на конгрес на противничкиот табор.

Ова, Муртезани го негира и повтори дека конгресот е поместен една недела порано само поради организациски и технички причини.

- На последниот состанок на Централниот одбор беше донесена одлука конгресот да се оддржи на 24 февруари. Овластената комисија за организација на конгресот има полно право врз основа на динамиката, конгресот да го презакаже. Комисијата процени дека подготовките за конгресот се при крај и одлучи тој да се одржи на 18 февруари во Домот на културата во Тетово - ни изјави Муртезани.

Првиот партиски конгрес, на групата поддржувачи на Каремани ќе се оддржи под мотото „Идејата продолжува“.

Како што веќе објавивме, по одлуката на Основниот суд -Скопје 2, во минатата недела, дека Билал Касами е претседател на партијата до конгресот, членството на Беса дефинитивно ќе оди на два паралелни конгреси за избор на нов партиски лидер.
И од двата табора потврдија дека ќе организираат свој конгрес и меѓусебно си упатија покани да си ги одмерат силите.

Веќе е јасно дека Беса на два конгреса ќе избира двајца лидери, но и тоа дека едното крило ќе треба да формира нова партија.

Според Муртезани, на конгресот ќе се избира нов лидер и нов Централен одбор на партијата. Кандидатурите за лидерската позиција ќе се доставуваат на денот на конгресот. Засега не се открива дали и колку кандидатури за претседателската функција ќе има освен таа на привремениот претседател Каремани.

 

© ЖУРНАЛ    ~145,49

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.