МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Утре и задутре затворен патот Велес – Градско
Собраниската седница прекината, матичните комисии треба да ги разгледаат предлог-зако..
Заев: Начелно постои согласност за консензуален претседателски кандидат
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат претседател, кој ќе ја води државата кон нови побед..
Македонија
Бибер: Во услови на заробена држава активизмот оди тешко

Бибер: Во услови на заробена држава активизмот оди тешко

петок, 07 декември 2018, 13:57ч.   |   Xh.I.

Демократизација на политичките процеси во Југоисточна Европа каде недостига демократска традиција преку поширока инклузија на мислењата и прашањата што ги загрижуваат граѓаните во политичкиот процес и соочување на теоријата со праксата во тие општества е целта на регионалниот проект „Алтернативни демократски практики: Премостување на движењата и институциите“, што го спроведува фондацијата Фридрих Еберт.

На денешната тркалезна маса на Правниот факултет „Јустинијан Први“ организирана во рамки на проектот насловен „Grassroots движења или мобилизација ‘од горе’?“ Иван Стефановски (докторанд на Универзитетот Scuola Normale Superiore од Фиренца (Италија) истакна дека од земјите во регионот Македонија и „Шарената револуција“ кои започнаа кон крајот на 2012 година може да се посочат како пример каде граѓанскиот активизам предизвика промени благодарение на заедничката платформа на тогашната опозицијата со граѓанското општество.

-Мобилизацијата во Македонија не се одвиваше на секојдневна основа, но постоеше платформа креирана од опозициската политичка партија, со вклученост на повеќе од 70 граѓански организации и на многу индивидуи. Тоа создаде платформа за мобилизација, но исто така обезбеди ресурси кои ги немаа на располагање оние кои протестираа во другите земји и отвори простор за поголема интервенција од надвор. Исто така, важна е и улогата на меѓународната заедница која придонесе за успех на овие движења, рече Стефановски.

За Флоријан Бибер системот со особените форми на компетитивен авторитаризам кој го сведочиме во Западниот Балкан претставуваат посебен предизвик за граѓанскиот активизам и за напорите да се редемократизира кои се разликуват од конвенционалните авторитарни системи и движења во етаблираните демократии.

-Масивната социјална мобилизација, надворешната интервенција, градењето коалиции во Македонија минатата година покажаа дека регуларните избори не значат и демократски промени. Се покажа дека базичната претпоставка на демократијата дека со нормални избори може да се дојде до промена на власта не се оствари. Беше потребно повеќе, рече Бибер.

Според него, ова не се режими кои владеаат со страв, туку преку кризи кои продуцираат постојани изборни кампањи и несигурност, посочувајќи дека во Македонија од 2006 година не се одржале регуларни избори, а и исто и во Србија. Втор елемент е стабилитократија, каде режимите ја „купуват“ поддршката од меѓународната заедница, потоа високото ниво на политичка поларизација со која приврзуваат значаен дел од електоратот кон себе и секако „заробената држава“.

– Во услови на заробена држава активизмот оди тешко, бидејќи од другата страна секогаш ќе има критики дека сите крадат, сите ги вработуваат своите роднини, сите изнесуваат пари од држвата, па тогаш што е различно. Една од главните алки што недостига во политиката се функционални политички партии, кои ќе го артикулираат интересот на граѓаните. Наместо тоа видовме дека политичките партии станаа агенции за вработување и бизнис интереси, се нарекуваат народни партии, социјалдемократски, либерални, но тоа е само пакување главно за да надворешните актери за да добијат пари или поддршка. Видовме дека ЕПП поддржуваа автократски режими во регионот…, вели Бибер.

За него, главното прашање е како да се справиме со такви режими и како до успешен активизам кој ќе доведе до структурни промени на системот, односно како да се пренесе енергијата од активизмот во политичката реалност после тоа.

© ЖУРНАЛ    ~84,28

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.