МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
На аеродром фатен патник од Венецуела со два килограми кокаин

На аеродром фатен патник од Венецуела со два килограми кокаин

петок, 07 декември 2018, 13:56ч.   |   Xh.I.

Царинската управа, во соработка со Министерството за внатрешни работи, спречи уште еден обид на криумчарење на наркотични дроги. На Аеродромот Скопје се запленети околу 2 килограми кокаин.

На 5 декември околу 20,30 часот со летот од Цирих, на влез во Република Македонија селектиран е детално прегледан патник државјанин на Република Венецуела. При прегледот, во неговиот багаж пронајдено е околу 2 килограми бела прашкаста материја, која при проверка со тестер за дрога дала позитивен резултат за присуство на cocaine hydrochloride, што индицира дека непознатата растителна материја е наркотична дрога кокаин.

По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, а по наредба на јавен обвинител, непознатата прашкаста материја е доставена на вештачење со кое е утврдено дека станува збор за кокаин.

Вредноста на запленетата дрогата, на црниот пазар во Република Македонија, изнесува околу 140 000 евра, додека истата при продажбата на мало би била повеќекратно зголемена и би достигнала вредност околу 570 000 евра.

Царинската управа на Република Македонија до надлежното Основно јавно обвинителство против осомничениот поднесе кривична пријава,заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.