МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Русковска пука во УБК, се тресе Водно

Русковска пука во УБК, се тресе Водно

четврток, 06 декември 2018, 09:43ч.   |   Xh.I.

Очигледно е дека целта била да се прогласи воена состојба и прашање е што би се случувало со државата. Истрагата треба да ги провери информациите дали војската активно учествувала во инцидентите во Собранието. Индикативно е што Никола Груевски не бил во земјава, па треба да се провери дали патувањето во Виена му било само алиби.

Вака, во куси црти, ексразузнавачот Владимир Пивоваров ги анализира последните искази во судот и сознанијата на истрагата за случувањата од ланскиот 27 април што (ин)директно го вперуваат прстот кон Управата за безбедност и контраразузнавање и кон претседателската резиденција на Водно. Во тој контекст се толкува и завчерашното притворање на Владимир Атанасовски, кој во тоа време беше директор на УБК.

Обвинителката Вилма Русковска засега ја смирува топката и вели дека Синиша Алексовски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, кој наводно ги информирал демонстрантите оти ќе биде прогласена воена состојба, всушност, немал директен контакт со нив.

„Треба да разграничиме неколку работи: Никола Бошковски беше споменат од сите обвинети што даваа исказ и тие имале директен контакт со него, а Алексовски беше споменат во смисла дека некој разговарал со него, па ја пренел информација. Не можеме да ги ставиме на исто рамниште едниот и другиот“, вели Русковска.

На прашањето дали постојат индиции и нови докази дека крвавите случувања биле планирани во кабинетот на Иванов – таа одговори негативно.

Пивоваров вели дека денеска ќе располагавме со еден куп докази доколку УБК во тие моменти работела на заштита на уставниот поредок и ги следела комуникациите. Се чуди што Иванов вечерта околу 22 часот во јавниот настап рекол дека поседува информации, благодарејќи на своите служби за одредени дејствија, а не бил информиран што се подготвува. Според Пивоваров, постоеле две ситуации кога требало да биде прогласена воена состојба.

„Прво, намерно беше пуштена вест дека Зијадин Села е мртов со цел да се навлече гнев кај етничките Албанци и да се предизвика конфликт. Второ, се трудеа да исценираат меѓупартиски конфликт со тоа што лидерот на СДСМ и неговите соработници ќе го повикаат членството и приврзаниците на партијата да дојдат и да им помогнат во парламентот. И во двата случаи би дошло до крвопролевање со што би се исполниле условите за прогласување воена состојба“, нагласува Пивоваров за „Независен весник“.

Ексразузнавачот вели дека треба да се провери дали е точно дека воената полиција била на готовс да апси пратеници, дали специјалните возила на армијата токму во тој период биле ставени во борбена готовност после многу години хаварисаност и дали дежурствата биле местени за партиски војници.

„Тие докази можат да се прибават во армијата, а би било важно доколку сакаме да стигнеме до нарачателите“, тврди Пивоваров.

Тој дополнува дека е повеќе од јасно дека подизвршителите и извршителите на насилствата морало да имаат поддршка од оперативците во УБК и очигледно е дека станува збор за добро и длабоко организирана акција. Симптоматично е, вели тој, што Груевски таа вечер не бил во Македонија, исто како и многу пати во круцијални моменти за земјава.

„Дали во странство бил приватно, службено, што правел таму – и тоа е важно за истрагата“, заклучува Пивоваров.

Основното јавно обвинителство бргу реагираше по последните искази на тројца од обвинетите и го уапсија Атанасовски. Од ОЈО рекоа дека во тек е предистражна постапка и во неа се утврдува дали има инволвираност на лица што засега не се опфатени со обвиненија, при што не можат да излегуваат со детали додека не ја комплетираат истрагата.

Еден од обвинетите за настаните од 27 април, Захарие Симовски, кој му бил телохранител на Александар Василевски-Нинџа, рече дека наредбите ги добивал директно од својот шеф, како и од поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски и од Никола Бошковски. Браќата Стефан и Михаил Младеновски открија дека постоела нелегална, паралелна Петта управа, со која раководел Атанасовски. Нинџа, според сведочењето, иако не бил вработен во УБК, сепак дејствувал како тамошен вработен, а располагал и со ресурси од управата.

Поранешниот министер за одбрана Павле Трајанов вели дека според проценките околу 70 луѓе од најголема доверба на Груевски го узурпирале државниот апарат и ги вршеле валканите работи што биле барани од нив. Дел од нив и натаму се вработени во УБК.

© ЖУРНАЛ    ~147,49

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.