МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Коѕијас: Да бев уште министер за надворешни, ќе го потегнев Заев за уши

Коѕијас: Да бев уште министер за надворешни, ќе го потегнев Заев за уши

четврток, 06 декември 2018, 13:18ч.   |   Xh.I.

Во мноштвото реакции во грчката јавност по изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев се јави и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој во интервју за грчката телевизија Антена кажа што би направил доколку сѐ уште беше член на грчката Влада.

-Ќе го потегнев за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц. Нимиц се активираше и добро направи и го потсети дека прекршува две точки од Времената спогодба и од Договорот од Преспа – рече Коѕијас, одговарајќи на прашањето што тој ќе направеше доколку сѐ уште беше министер, јави дописничката на МИА од Атина.

Тој додаде дека две работи се важни во Договорот од Преспа и го прочита членот од договорот дека ниту една од земјите нема да се меша во внатрешните работи на другата страна.

-За тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа – рече Коѕијас и додаде дека второто е да се промени членот 49 во македонскиот Устав.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија во друг дел од интервјуто рече дека во изјавите на Заев, тој не нашол нешто што има врска со македонско малцинство, но констатирал дека во однос на јазикот има прекршување на два параграфа.

Коментирајќи го ставот на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, дека Заев со изјавата ја отворил Пандорината кутија, Коѕијас рече дека опозицијата не треба да се води по толкувањата дадени од Скопје.

-Постои меѓународен договор што сѐ уште не е ратификуван. Што значи дека не постои. Се наоѓаме во процес на ратификација. Не е добро опозицијата да ги прифаќа толкувањата што ги дава некој или некои во Скопје, бидејќи битката е и за да составиш договор, но и за да го толкуваш – рече поранешниот шеф на грчката дипломатија, пренесе МИА.

Коѕијас во интервјуто за ТВ Антена изрази сигурност дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, а за ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, истакна дека не рекол дека ќе ја турне владата, „бидејќи знае дека не може“ и додаде дека според него, Каменос е „последниот што би сакал да има избори бидејќи можеби нема одново да биде избран“.

Во однос на протерувањето на руските дипломати од Грција, Коѕијас рече дека бил повикан од грчкиот премиер и неговите соработници и му било соопштена одлуката за протерување.

© ЖУРНАЛ    ~91,31

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.