МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа

Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа

четврток, 06 декември 2018, 13:17ч.   |   Xh.I.

Обвинетиот Александар Василевски-Нинџа ги откри тајните релации што ги имал со УБК, релацијата со Сашо Мијалков, како и од каде доаѓале наредбите за тоа како да се делува во Собранието на 27 април.

Околу два часа во својот исказ пред судот Нинџа откри речиси сѐ, од неговите ангажмани во УБК, па сè до наредбите да се отворат вратите на Собранието, како и тоа дека дел од командно-оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ биле Кирил Божиновски, обвинетата Билјана Бришковска, Спиро Ристовски, Митко Чавков, како и Миле Јанакиески.

Според исказот на обвинетиот Нинџа, кој на судот му рече дека денес ја открива вистината за 27 април од своја гледна точка и дека она што го кажал било само дел од она што се случувало, наредбите и координацијата за тоа што да се прави и да се презема во Собранието на 27 април стасувале токму од споменатите лица, кои биле дел од командно-оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, а тој ден издавале наредби од осмиот кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт, рече Нинџа, досега го чувал во себе и нагласи дека е убеден дека никој освен него не видел од каде доаѓаат наредбите.

Започна со протестите на „За заедничка Македонија“ и како што кажа, имал задача да следи дали има провокатори на овие протести. Со него биле Никола Бошкоски и Дејан Димковски-Боксер. А на протестите, како што рече, имало и патриотски здруженија. Тогашниот директор на УБК Владимир Атанасовски му дал насока да се види со Ченто, со кого се сретнал во кафуле на Кеј, а контактирал и со Игор Југ. Како датум кога ситуацијата почнала да зоврива Нинџа пред судот го спомена 15 април и нагласи дека се скандирало против „Тиранската платформа“ и против давањето мандат на Зоран Заев. Реториката на водачите на протестите Нинџа ја нарече „потпалувачка“.

„Дојде и 27 април“, рече Нинџа и нагласи дека никој, освен некој од обвинетите во судницата, не можел да знае што ќе се случи.

„Во 12.30 часот ми се јави Владимир Атанасовски. Ми рече да бидам во Скопје оти имало сознанија дека СДСМ нешто спрема и да чекам да ми се јави Бошкоски. Добиените информации беа дека СДСМ ќе избира претседател на Собранието. Ми се јави Спиро Ристовски и ми кажа да одам во штабот. Имав контакт и со Сашо Мијалков, кој ме викна и ми кажа ‘дојди во база‘. Базата беа хотелот ‘Мериот‘ и штабот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече во својот исказ Нинџа.

На бараното место заминал во 18.10 часот, кога, како што рече, со Веле Петрушевски стасал пред гаражата „Тодор Александров“. Петрушевски останал во бифето, а Нинџа, како што рече, по навика, тргнал кон осми кат, но не ги видел обезбедувачите на Мијалков. Стиснал на 8 и лифтот застанал.

„Стасав на осми. Лево е тоалетот, на крајот е чајната кујна, а има и други простории. Мобилниот го оставив на столче, влегов во салата, а внатре не беше Мијалков, туку имаше други луѓе. Го забележав командно-оперативниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, односно Билјана Бришковска, Кирил Божиновски, Спиро Ристовски, Митко Чавков, Миле Јанакиески. Имаше пуштено ТВ-приемник и на ТВ Нова гледаа што се случува во Собрание. Седнав на една маса, а тие збореа на мобилните телефони. Бришковска комуницираше со Трајко Вељаноски и тој ѝ даваше насоки за состојбата внатре. Јанакиески и Ристовски комуницираа со Бетмен, а Кирил Божиновски ги викаше сите општински комитети да дојдат во Скопје по директива на ВМРО-ДПМНЕ. Чавков комуницираше со тогашниот началник на СВР, Ивица Вучевски, и Митко Пешов. По некое време во штабот дојде и Владимир Атанасовски“, откри за првпат пред судот обвинетиот Нинџа.

Откако ги кажа сите овие детали, односно, како што рече, за вистината што денес ја зборувал, Нинџа нагласи: „Сето тоа што се случи на 27 април беше координирано, а како што масата се движеше кон Собранието, наредбите беа сѐ подиректни“.

© ЖУРНАЛ    ~304,104

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.