МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Регион
Француски Фигаро: Србија се заканува со интервенција доколку Косово формира војска

Француски Фигаро: Србија се заканува со интервенција доколку Косово формира војска

четврток, 06 декември 2018, 15:29ч.   |   Z.H.

 Францускиот весник Фигаро ја пренесува изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека евентуалното формирање косовска војска би можело да предизвика воена интервенција на Србија

Весникот наведува дека Белград стравува дека војската би можела да биде употребена за протерување на српското малцинство од Косово.
 
Во текстот со наслов „Србија се заканува со интервенција ако Косово формира војска“, парискиот весник напомнува дека косовскиот парламент треба на 14 декември да се изјасни за трансформација на безбедносните сили, составени од 4.000 луѓе, во редовна војска.
 
„Тој процес би можел да трае со години, но Белград стравува дека таа војска би била употребена за протерување на српското малцинство кое и понатаму живее на Косово“, пишува Фигаро.
 
Во тој контекст, весникот на пренесува изјавата на српската премиерка Брнабиќ дека се надева дека Србија никогаш нема да мора да ја употреби војската, но дека тоа моментално е една од опциите кои се разгледуваат, бидејќи Белград нема само да го гледа етничкото чистење.
 
Повикувајќи се на неуменувани експерти, францускиот весник наведува дека таквата интервенција е малку веројатна имајќи ги предвид српските планови за влегување во Европската Унија и оценува дека „премиерката веројатно се обидува да ги придобие симпатиите на националистите“.
 
Весникот потсетува дека тензиите неодамна дополнително се зголемија кога Приштина на 21 ноември реши да воведе царини од 100 отсто на увоз на стока од Србија и БиХ, што, како што се оценува, е реакција на притисоците на Белград против приемот на Косово во Интерпол.
 
Фигаро укажува и на пораката на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека формирањето косовска војска би било спротивно на советите на голем број членки на НАТО и дека тоа би можело да има сериозни последици по идните евроатлантски интеграции на Косово.

© ЖУРНАЛ    ~81,27

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Во Србија ќе се наплаќа патарина и на магистралните патишта
Во декември Ципрас во официјална посета на Москва
Oтстранет натписот „Тито“, ставено албанско знаме
Уапсен поранешен заменик-градоначалник, полово вознемирувал малолетничка
Одлука за косовската војска: Тачи во униформа, а Вучиќ во јужниот дел на Србија
Вучиќ: Јасно е дека силите на КФОР, односно НАТО, намерно нѐ лажеа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.