МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Xроника
Осум сообраќајки во Скопје, повредени петмина

Осум сообраќајки во Скопје, повредени петмина

среда, 05 декември 2018, 09:37ч.   |   Xh.I.

Пет лица се здобиле со полесни телесни повреди во четири од вкупно осум сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје, а во две била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и двајца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување и двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Од сообраќај биле исклучени вкупно 10 возачи, од кои осум пред да се стекнат со право на управување и двајца почетници, како и 10 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 94 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 63 возила.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД XРОНИКА
Целосно изгоре еден од најпознатите ресторани во Скопје
МВР со детали за грозоморното убиство во Драчево
Турчин слетал на охридскиот аеродром и веднаш е уапсен, еве зошто
Опожарени два автомобили во гаража во Кисела Вода
Девојка од Гостивар загинала во Италија, нејзиниот татко тешко повреден
Кумановец без возачка дозвола удрил во брачна двојка, мажот починал
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.