МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Македонија
За две возила да се плаќа поскапа регистрација, а за два стана – повисок данок, предлага Илиоски

За две возила да се плаќа поскапа регистрација, а за два стана – повисок данок, предлага Илиоски

среда, 05 декември 2018, 15:48ч.   |   Xh.I.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, предложи нови мерки како би се зголемиле приходите во буџетот, а при тоа даночниот систем да биде поправеден. Наместо прогресивен данок, Илиоски предлага граѓаните кои имаат две возила да плаќаат поскапа регистрација за второто, а оние кои имаат два стана да плаќаат повисока даночна стапка за вториот.

-Неколку пати имам кажано од ова говорница, бидејќи ова влада не знае ништо да сработи, се што прави прави популизам. Ова е класичен популизам, богати да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку. Па и сега господине министре богатите плаќаат повеќе. Тој што зема 60 илјади денари плата, ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 6000 денари данок, тој што зема 20 илјади плата ако плаќа 10 проценти данок, ќе плати 2000 денари – рече Илиоски обраќајки му се на министерот за финансии на денешната комисиска расправа за финансирање и буџет.

Според него постои друг начин за полнење на буџетската каса, додавајќи дека владата може да оди со кратење на непродуктивни расходи.

-Доколку сакате да воведете правилен данок, воведете данок на богатство, данок на имот. Оној кој има две коли да плаќа поскапа регистрација за втората, а оној кој има два стана да плаќа повисока даночна стапка. Тоа е разлика меѓу богати и сиромашни, да најдеш начин од богатите бидејќи имаат повеќе да земеш да прибереш повеќе средства во буџетот на државата. А ова не е данок со кој што праведно ќе земете од богатите, ова е данок со кој што успешните кои што живеат од плата, живеат од својот труд и личен доход, ќе ги мотивирате да најдат начин да го изиграат данокот и да плаќаат помалку. Само тоа ќе го постигнете – изјави тој.

© ЖУРНАЛ    ~99,33

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.