МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
На рочиштето за „Титаник“ се читаат СМС пораките меѓу Јанкулоска и Ставрески

На рочиштето за „Титаник“ се читаат СМС пораките меѓу Јанкулоска и Ставрески

среда, 05 декември 2018, 15:46ч.   |   Xh.I.

Обвинителката Лиле Стефановa на денешното рочиште „Титаник" на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности, прочита околу 20 СМС пораки меѓу обвинетата Гордна Јанулоска и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, во кои тие разговараат за исплаќање субвенции, пензии, денационализација и плати, во пресрет на изборите 2011 година.

Во една од пораките Јанкулоска му се жали на Ставрески „имам молба во Куманово не биле исплатени субвенции и ако имало услови побрзо да се исплатат“, на што Ставрески и одговара дека „треба некој да провери, имам списоци со субвенции што не добиле, ама ми ги пишуваа на рака пред кооперација“.

Во друга порака, Ставрески ѝ пишува на Јанкулоска „исплативме пензии, субвенции, денеска оди за млеко, лозари, 25 милиони за денационализација, за плати… да живее ММФ, да живее Македонија“.

Јанкулоска, во СМС порака го прашува Ставрески дали има „стопирани налози во култура“ и дали има проблем, на што Ставревски ѝ одговара „не, секогаш има повластен третман Бети“, на што Јанкулоска враќа „Боже, ама баш налозите за култура се клучни за изборите“.

Обвинителката Стефановска прочита и околу 70 СМС пораки меѓу Гордана Јанкулоска и советниците во МВР Киро Тодоровски и Ристе Ставревски од мај 2011 година, преку кои биле договарани списоци за вработување по број од гласачко место, за „тргање“ командири и полицајци кои „турбо“ работат за противници, но и за вршење работи за казни и инспекции на луѓе од месните комитети.

На почетокот судијата Осман Шабани, констатира дека во судница е присутен и технички советник на предлог на одбраната.
 

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.