МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Мекалистер и Флекенштајн: Сите политички сили да се фокусираат на евроатлантските интеграции

Мекалистер и Флекенштајн: Сите политички сили да се фокусираат на евроатлантските интеграции

среда, 05 декември 2018, 15:45ч.   |   Xh.I.

Процесот на уставните измени, помирувањето и имплементација на реформските активности утврдени со Планот 18 биле тема на денешната срердба во Скопје на претседателот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер и европратеникот Кнут Флекенштајн со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, заедно со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери искажа благодарност за континуираниот интерес и поддршка на Европскиот парламент и институциите на ЕУ за Република Македонија. Тој ги информирал за актуелниот процес на уставни измени, што произлегува од Спогодбата потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција, кој се очекува да биде заокружен во текот на јануари следната година, како и за подготовките за реализација на активностите кои произлегуваат од Планот 18 на Владата на Република Македонија, како логично продолжување на реформите, а се со цел отпочнување на преговори за членство во јуни следната година.

Европратеникот Мекалистер, се посочува, упатил јасна порака на широка партиска поддршка од Европскиот парламент за Договорот од Преспа. Тој истакнал дека земјата е добар пример за регионот и за Европа, правејќи голем пробив во духот на доброседските односи и помирувањето и дека сега останува на Собранието на Република Македонија и на сите политички сили да ги стават во преден план стратешките интереси и цели на земјата, а тоа се евроатлантските интеграции. Во тие напори, земјата, истакнал, ја има целосната поддршка на европските институции.

Европратеникот Флекенштајн, пак, надоврзувајќи се на пораките упатени од страна на Мекалистер, потенцирал дека Европскиот парламент и европските институции исто така мора да ја завршат својата работа во однос на земјите аспирантки за членство во ЕУ и да ги исполнат дадените ветувања. Тој, покрај Договорот од  Преспа, ги издвоил и преостанатите реформи кои треба да бидат исполнети во делот на судството, услугите, јавната администрација и медиумите.

Соговорниците размениле и мислења за формирањето на собраниското интерпартиско тело за помирување и неговата структура, односно работните групи за помирување, интеграција и реформи кои ќе треба да произлезат со конкретни законски решенија во повеќе сегменти, како што се посочува, без преминување на црвените линии за владеењето на правото и правната држава, а особено за превенирање на насилството и облиците на насилство за остварување одредени цели во иднина.

-На крај, присутните се согласија дека Македонија треба да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ следната година и заслужува што поскоро да стане членка на Унијата, каде и географски припаѓа, стои во соопштението.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.