МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Шекеринска: Најголемиот успех со членството во НАТО е што првите ратификации дојдоа о..
Села ја откажа средбата со Заев
Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да се повлече од работното место
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостив..
Македонија
Судењето за смртта на малата Тамара ќе продолжи следната среда

Судењето за смртта на малата Тамара ќе продолжи следната среда

среда, 05 декември 2018, 15:44ч.   |   Xh.I.

На 12 декември ќе продолжи рочиштето за смртта на Тамара Димовска од Велес во кое се обвинети членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле, односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ

На барање на одбраната денеска беше прекинато судењето со образложение дека доказите кои ги презентираше обвинителката се нецелосни, бидејќи беа читани само насловите. Тие побараа појаснување за секој доказ што ќе биде изнесен пред судот. Судијата Марин Станевски и наложи на обвинителката да се подготви за следното рочиште и детално да ги објасни доказите.

Пред почетокот на судењето одбраната побара објаснување од Судот зошто за обвинетата Елена Трпкоска, за која е издвоено судењето поради нејзината здравствена состојба, вчера се одржало прво рочиште.

Адвокатите на обвинетите побараа Судот да се произнесе за спојување на постапката, со образложение дека се работи за исти докази и оти се сомневаат за издвојувањето и причините за тоа, како и доколку не се спои постапката да ја добијата целосната документација од водењето на тоа рочиште.

Малата Тамара Димовска почина во 2015 година.
 

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.