МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Утре и задутре затворен патот Велес – Градско
Собраниската седница прекината, матичните комисии треба да ги разгледаат предлог-зако..
Заев: Начелно постои согласност за консензуален претседателски кандидат
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните заслужуваат претседател, кој ќе ја води државата кон нови побед..
Македонија
Министерство за правда: Одложени измените на Законот за референдум

Министерство за правда: Одложени измените на Законот за референдум

вторник, 23 јануари 2018, 15:09ч.   |   Xh.I.

Министерството за правда  во ново корегирано соопштение попладнево информира дека се одложени предложените измени на Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните, потенцирајќи дека со нив не се менува суштината на законот, туку станува збор за усогласување на термини со други закони.

Претходно, по информациите во дел од медиумите и објавата на предложените законски измени на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР)  Министерството за правда  соопшти дека  тие се вршат заради усогласување со Изборниот Законик и за напуштање односно надминување на одредени застарени решенија. Наведоа дека Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните е донесен во септември 2005 година, a Изборниот Законик во март 2006 година.

– Во предложените измени на член 1, член 2, член 3 и член 4 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши усогласување на истиот со Изборниот законик. Изборниот законик е објавен на 31 март 2006 година и истиот влезе во сила со денот на објавување во Службен весник. Со денот на објавување на Изборниот законик престанаа да важат Законот за избор на претседател  на РМ, Законот за избор на пратеници во Собранието на РМ, Законот за локалните избори, Законот за избирачки список, Законот за избирачките места  и Законот за изборните единици  за избор на пратеници во Собранието на РМ, се вели во соопштението.

Се додава дека со предложените измените во членот 5 и 6 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши усогласување на предложениот закон со Законот за судовите.

– Во Законот за судовите кој е објавен во мај 2006 во членот 22 покрај постоечките судови се воведе Управниот суд. Членот 34 од Законот за судовите ја уредува надлежноста на  Управниот суд. Имено,  со Законот за судовите надлежноста за решавање на управните спорови од Врховен суд премина во Управниот суд, соопштува Министерството за правда, нагалсувајќи дека со предложените измени во Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните се врши уредување на прашања кои се од значење за практичното спроведување на законот  и техничко доуредување на текстот.

Предлог на закон за изменување на Законот за реферндум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните беше поставен на ЕНЕР, но од попладнево тој е повлечен.

© ЖУРНАЛ    ~111,37

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.