Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Маневски: Македонија тоне во корупција, правдата е селективна

Ахмети: Ако сакате интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ ќе го поддржите референдумот
Бејли од Арктикот: Се гледаме на планинските врвови на Македонија
Џихадисти од Македонија раскажуваат: ИСИС е лажно исламско движење, видов масакри на ..
Бартол за МИА: Граѓаните во голем број да излезат на референдумот и да го кажат своет..

Македонија

Маневски: Македонија тоне во корупција, правдата е селективна
Mihajlo-Manevski-PRESS-GLAVNA-SLIKA-22JAN2018-701x394.jpg

„Република Македонија тоне во корупција, а правдата во земјата е селективна. Корупцијата цвета, а функционерите од власта се недопирливи за органите на кривичниот прогон. За само осум месеци од доаѓањето на власт на СДСМ и коалицијата со ДУИ, Македонија падна во однос на индексот на корупцијата од 66-то место на 90-то место. Тоа е влошување за цели 24 места, со што Република Македонија се става во друштво со некои африкански држави“, изјави денеска Михајло Маневски на прес-конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, осум месеци власта нема преземено ниту еден случај, ниту еден чекор во борба против корупцијата. „Најавата на Зоран Заев дека двајца членови на владата се осомничени за корупција остана само фрлена мамка во јавноста без реална завршница. Повеќе од три месеци нема никаква трага во врска со наводната истрага, а граѓаните се сомневаат во искреноста и вистинитоста на изјавата на Зоран Заев. Сомнежите не завршуваат само тука. Во екот на преговорите со Република Грција за името на државата фирмата на потпретседателот на владата Кочо Анѓушев одеднаш стана предмет на интерес на грчкото електростопанство и тоа само за неколку дена откако Кочо Анѓушев рече дека за него е прифатливо името Нова Македонија, Горна или Северна Македонија“, вели Маневски.

Според него, корупцијата и сомнителното работење станаа заштитен знак на владата на СДСМ. „Кривичната постапка против Зоран Заев за кривичното дело „Поткуп“ на 200.000 евра не одлепува од мртва точка. Повеќе од две години смислено се одложени 19 рочишта, кои надвор од правната логика се одлагаат на по неколку месеци. А, јавноста знае дека за случаевите од СЈО рочиштата се закажуваат и по 2 и 3 пати неделно. Случајот „Цареви Кули“ за противзаконита легализација на угостителски објекти со злоупотреба на положбата изградени после донесувањето на Законот за легализација на дивоизградените објекти не е ни отпочнат, иако во јавноста излегоа бројни докази за сторено кривично дело. Тоа ли е владеење на правото, тоа ли е еднаквост на граѓаните пред законот кој треба да важи за други, но не и за Зоран Заев. Тоа ли е борбата против корупцијата?“, вели Маневски, додавајќи дека широко распространетата корупција и немањето на волја од страна на државните органи за борба против истата ја уназадува државата, ја руши демократијата и го девалвира владеењето на правото. Сето тоа ја одвраќа Република Македонија од чекорите кон ЕУ и НАТО и ја зацементира на дното.

 

 22.01.2018, 15:37  | Xh.I. | 75

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

35400
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.