МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Зголемен бројот на заболени од грип
Повеќемина повредени уште се во критична состојба
Македонија
Смртта на родилката ќе се испитува од комисија на МЗ, бебето во стабилна состојба

Смртта на родилката ќе се испитува од комисија на МЗ, бебето во стабилна состојба

понеделник, 22 јануари 2018, 15:24ч.   |   Xh.I.

Комисија од Министерството за здравство ќе испитува како настанала смртта на 31-годишната родилка, која почина при породување во приватна болница. Тие велат дека откако ќе ги имаат сите информации, ќе ја информираат јавноста.

Неофицијалните информации велат дека откако при ставање  целосна анестезија ѝ се затвориле дишните патишта, повеќе од еден час докторите се обидувале да ја вратат во живот, а, пак, по триесет минути го извадиле бебето од утробата на мајката, кое исто така било без кислород. Родилката од приватната болница била однесена во Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.

Сè уште не се знае кога настанала смртта, од приватната клиника, но и од КАРИЛ велат дека родилката не починала во нивната установа. Настанот се случил во четвртокот, а телото беше на Институтот за судска медицина каде што била извршена обдукција. Бебето, пак, е во стабилна состојба, но сè уште прима медицински терапии.

© ЖУРНАЛ    ~114,38

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.