МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Собраниска делегација на конференција на КОСАК во Виена
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот
Облачно и студено, попладне снег
Илир Мета: Бегството на Груевски е признавање на вина
Економија
Ново поскапување на горивата, овој пат за еден денар

Ново поскапување на горивата, овој пат за еден денар

понеделник, 22 јануари 2018, 15:18ч.   |   Xh.I.

Уште едно непријатно изненадување за возачите. Од полноќ горивата поскапуваат за еден денар – одлучи Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР 95 и 98 ќе се продаваат за 67,5 денари, односно 69.5 денари по литар. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 49 денари за литар, а новата, за 0,539 денари поголема цена на мазутот ќе изнесува 29,9 денари за килограм.

Повторно најголемиот удар го претрпуваат оние со возила што користат дизел, цената од полноќ ќе изнесува 60 и пол денари по литар.

Ова е четврта промена на цената на дизелот нагоре за скоро еден месец. Освен денешното поскапување, пред две седмици, цената, исто како и сега, порасна за еден денар. Уште првиот ден од годинава акцизата се зголеми за 3 и пол денари, а на 25-ти декември минатата година, Регулаторната комисија за енергетика  одлучи цената да се зголеми за половина денар.

Овие одлуки придонесоа за скок на цената на дизелот за 6 денари во последниве 4 недели. Дополнителен удар за возачите е што токму последната цена во декември, непосредно пред да се зголеми акцизата е највисоката цена за цела 2017-та година. Најевтин дизел граѓаните плаќале во периодот од 27-ми јуни до 10-ти јули минатата година – 46 и пол денари по литар. Цената на дизелот што ќе важи од полноќ е за цели 14 денари по литар повисока од онаа што важела во тој период.

Последниов раст на цената на горивата, Регулаторна го правда со за 4,54 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар и за 1,44 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот во последниве две недели.
Иако Владата се уште тврди дека растот на акцизата нема да ги поскапи и другите производи, граѓаните се револтирани, бидејќи очекуваат оваа одлука да повлече поскапување на многу видови производи, потег што секако ќе удри врз нивниот семеен буџет.

 

© ЖУРНАЛ    ~168,56

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Бензините поевтинуваат за 4 и 4,5 денари
Поскапуваат бензините и дизелот
ММФ предвидува раст на македонската економија од 1,6 отсто
Поскапување на горивата за еден денар
СДСМ: Септемвриската пензија зголемена за 1,8 отсто
Бензините поевтинуваат за 3,5 денари, дизелот за 1,5 денари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.