МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Економија
Од почеток на 2019 државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза

Од почеток на 2019 државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза

среда, 19 декември 2018, 12:37ч.   |   Z.H.

 Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза. Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни, така и странски.

 
Министерот за финансии Драган Теводвски истакна дека со ова се следи европската пракса, но и примерите на сите развиени земји со функционален пазар на капитал.
 
„Се прави клучен чекор кон развивање на пазарот на капитал. Покрај добро развиениот примарен пазар, се развива секундарниот пазар на тргување. Од почетокот на 2019 година, државните хартии од вредност ќе станат достапни за повеќе инвеститори – како во земјата, така и во странство. Ќе напоменам дека преку заедничката платформа на берзите од регионот СЕЕ линк, македонските државни обврзници ќе станат достапни за инвеститорите од регионот, но и Европа. Инаку државните хартии од вредност на останатите земји од регионот веќе се достапни на СЕЕ линк. Ова ќе придонесе за поголема видливост на цените т.е. поголема транспарентност. Секако, поголемата конкуренција кај побарувачката ќе обезбеди подобра цена, односно камата“- рече Тевдовски.
 
Директорот на Македонска берза Иван Штериев истакна со котацијата на државните хартии од вредност ќе се зголеми расположивата понуда на берзата.
 
„Ова е многу значаен ден за Македонска берза и за нејзините членки. Берзанската котација на државните обврзници ќе значи дека овој финансиски инструмент ќе стане максимално визибилен и полесно достапен на секундарниот пазар на хартии од вредност во Република Македонија, а истовремено ќе ја зголеми расположливата понуда на Берзата. Воедно, котацијата и тргувањето на регулиран пазар ќе претставува нов квалитет за континуираните државни обврзници што би требало да придонесе за уште поголем интерес за вложување во овој инструмент од страна на домашните и странски инвеститори, со сите позитивни повратни импликации од тоа, вклучително и поповолни услови при издавање на обврзниците во иднина“-рече Штериев.
 
Министерот за финансии истакна дека во 2018 година имало повеќе позитивни настани поврзани со државните хартии од вредност. Тој истакна дека Македонија ја издала најуспешната досега еврообврзница, односно со најниска каматна стапка. И каматните стапки за државните хартии од вредност издадени на државниот пазар неколкукратно се намалени во споредба со претходната година.
 
Исто така, во 2018 година за првпат беше издадена 30 годишна државна обврзница, што укажува на доверба на инвеститорите во економските политки кои се спроведуваат, рече Тевдовски

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Голем интерес за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
Проект на ЕУ, МВР и НБРМ за поефикасна борба против фалсификување евра
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.