МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Занимиливости
Ја купија куќата од филмот „Сам дома” и целосно ја променија

Ја купија куќата од филмот „Сам дома” и целосно ја променија

среда, 19 декември 2018, 14:35ч.   |   Z.H.

 Како што се променија актерите од легендарниот филм „Сам дома” од деведесеттите години, така се промени и куќата во која се случија сите неволји. Резиденцијата на семејството Мекалистер не е измислено место, туку вистинска куќа во државата Илиноис. Фотографиите за тоа како куќата изгледа надвор од филмот беа создадени во 2011 година кога се продаваше. На пазарот нејзината цена изнесуваше 2,4 милиони долари, но беше продадена за 1,58 милиони.

Кога режисерот Крис Колумбус (60) одбираше во која куќа да се снима филмот, главен услов му беше визуелната привлечност.

„Ми требаше куќа во која би му било забавно на детето да остане”, рече Крис. Тој целосно ја трансформира куќата кога ја најде, а потоа сопствениците не се бунеа. Сепак, внатрешноста на куќата сега изгледа сосема поинаку отколку во филмот.

Кујна

Во 1990-тите, таа имаше вистински празничен шарм, а сега е без шаренило.

Скали

Познатите скали на кои крадците добиваа канти во главата, беа украсени со црвен килим кој беше усогласен со тапетите. Тие сега се исто така усогласени, но просторот изгледа сосема поинаку отколку во филмот.

Канцеларија

Поради големината на канцеларијата на таткото на Кевин, многумина се прашуваа со што се занимава. Неговата канцеларија исто така е трансформирана во неутрални бои, а единственото заедничко нешто во просторијата во овие речиси триесет години е пијаното.

Спална соба

Една од најпознатите филмски спални соби е онаа на родителите на Кевин. Додека во филмот огромната просторија била исполнета со различен мебел, сега е малку попразна.

© ЖУРНАЛ    ~72,24

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Хирург заспива додека ја држи тукушто „прикачената“ рака на негов пациент, а причината за тоа остава без зборови
Село во Италија плаќа 2.000 евра на секој што ќе се пресели таму
Урнат рекордот по „лајкови“ на Инстаграм
Жена направи бесплатна мини-библиотека од дрво старо 110 години
Арета должи повеќе од 6 милиони долари за данок, а ја ограбија пред смртта
На 114 години почина најстарата личност во САД
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.