МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Македонија
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника

МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника

петок, 14 декември 2018, 14:07ч.   |   Xh.I.

Министерството за внатрешни работи објави денеска соопштение во кое апелира до граѓаните да не употребуваат пиротехнички средства, што е зачестена појава во пресрет на новогодишните празници.

-МВР ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик на Република Македонија – се наведува во соопштението.

Министерството потсетува дека неовластената употреба на пиротехнички средства (петарди, палење ракети и други пиротехнички средства) со кои се нарушува јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните се казнува со глоба во износ од 200 до 500 евра.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата, доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку бесплатниот телефонски број 192. Апелираме особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје – додава МВР.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.