МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Економија
Арсовски: Европската комисија потврди дека економијата оди надолу

Арсовски: Европската комисија потврди дека економијата оди надолу

петок, 09 ноември 2018, 16:12ч.   |   Xh.I.

Вчера пристигна уште една потврда од Европската комисија дека економијата секојдневно оди во надолна линија и пропаѓа, изјави на прес-конференција портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Европската комисија во есенскиот извештај објави ревидиран извештај каде што според нивните проекции ја намалија проценката за растот на БДП од 3.1 осто на 2.1 отсто, односно за цел 1 процент помалку. Иако релевантните институции во текот на првата половина на годината беа оптимисти дека годината ќе се заврши порастот на БДП над 3 отсто, ние бевме убедени уште тогаш и уште од почетокот на годината предупредувавме дека оваа неспособна влада на СДСМ ќе ја дотера економијата до крах и ќе ги донесе граѓаните и компаниите на работ на егзистенцијата“, рече Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека лошите економски политики, непосветеноста на реалните економски политики од страна на Владата, лошата реализација на капиталните инвестиции, како и најавата на лошите реформи за даночниот систем, се само малку од причините за лошите резултати на полето на економијата до сега, но и оние кои  следат во наредниот период.

„Задолжувањата ги преминаа сите можни граници, а ниту еден проект не е реализиран. Република Македонија на крајот на годината ќе има убедливо најлош раст на БДП во регионот. За жал, сликата ќе биде иста како и минатата година, сите земји од регионот ќе се пред нас, а ние ќе сме убедливо на дното. Од земја која беше лидер во регионот во економска политика, сега се тркаламе на дното“, рече Арсовски.

Додаде дека некој мора да понесе одговорност за лошата економска ситуација во државата и побара од министерот за финансии, Драган Тевдовски, да поднесе оставка уште веднаш.

© ЖУРНАЛ    ~78,26

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Голем интерес за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
Проект на ЕУ, МВР и НБРМ за поефикасна борба против фалсификување евра
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.