МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Катругалос: ЕУ да ја цени и политичката волја на Северна Македонија покажана со Догов..
Анализа: Преку 80 отсто од граѓаните сакаат да одат по шалтери, наместо електронски д..
Со Преспанскиот до НАТО, со Северна до нови поделби
Дескоска: Барањето за екстрадиција на Груевски за 27 април деновиве ќе биде пратено д..
Економија
Банкарите бараат одложување на оданочувањето на каматите

Банкарите бараат одложување на оданочувањето на каматите

петок, 09 ноември 2018, 11:14ч.   |   Xh.I.

Македонската банкарска асоцијација бара одложување на оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за 2020 година, до влезот на земјата во ЕУ.

Македонската банкарска асоцијација вчера одржа седница на Собранието на која ги разгледа предложените законски измени што се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните.

-Ставот на Македонската банкарска асоцијација е дека нивната примена треба да се одложи до влез на нашата земја во Европската унија, со цел да се задржи позитивниот тренд на штедењето, да се обезбеди свеж капитал за стопанството, како и да се одржи стабилноста на банкарскиот сектор – информираат од МБА.

Во однос на воведувањето прогресивно оданочување, ценат дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде веќе е во примена.

Македонската банкарска асоцијација најавува дека ќе побара средба во Министерството за финансии за подетално да ги презентира своите ставови.

Според предложеното законско решение од Министерството за финансии каматите од депозитите треба да се оданочуваат од 2020 година со стапка од 15 проценти, но на износот над 15.000 денари.

© ЖУРНАЛ    ~122,42

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Лукаревска: УЈП сака партнерски односи со даночните обврзници
Раст на трошоците за живот
НБРМ: Забрзувањето на евроатлантските интеграции може значително да ги зголеми странските инвестиции
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.