МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Димитров: Никос, од срце ти посакувам добро здравје и успех во сите идни предизвици
Дескоска за Журнал: Обештетување за Сопот ќе има, извршната власт подалеку од судскат..
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот од Преспа е мртов, нашите пратеници нема да ги поддржат уставни..
Македонија официјално ги почнува претпристапните разговори за членство во НАТО
Здравје
Драстично се зголемува бројот на грипозни

Драстично се зголемува бројот на грипозни

четврток, 18 јануари 2018, 14:39ч.   |   Xh.I.

Изминатата недела (од 8 јануари до 14 јануари), во Македонија се регистрирани 428 нови случаи на заболени од грип, што е зголемување за 74 отсто споредено со неделата пред неа (од 1 јануари до 7 јануари) кога беа регистрирани 246 заболени лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница денеска го објави Институтот за јавно здравје.

Од Институтот наведуваат дека во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 5.475 случаи, постои значително намалување на бројот на заболени во втората недела, кое изнесува 92,2 отсто.

Најголем број заболени се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца се регистрира кај најмалите – децата на возраст од 0-4 години.

Оваа недела најголем број заболени - 125 се пријавени од подрачјето на Подрачната единица Гостивар, а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Дебар (108,1/100.000 жители).

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 1.756. Регистрираниот број случаи е помал за 94 отсто споредено со истиот период од минатата сезона (29.318).

Оваа сезона најголем број заболени лица – 408 се регистрирани во Подрачната единица Гостивар и 269 во Центарот за јавно здравје Тетово, а најголема инциденца е регистрирана во Подрачната единица Дебар.

Во текот на втората недела од годинава, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје тестирани се 16 материјали за грип. Од тестираните материјали, шест се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца – два инфлуенца A (H1N1) pdm и четири инфлуенца Б. 
 

© ЖУРНАЛ    ~131,45

НАЈЧИТАНИ ОД ЗДРАВЈЕ
Како старее човечкиот организам?
Истражување: Прекумерна употреба на Бруфен предизвикува губење на слухот кај жените
МЗ: Нема опасност од појава на „мајмунски сипаници“
Абортус ќе може да се изврши и со таблети
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.