МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Регион
Германската војска му подари на Косово опрема во вредност од два милиони евра

Германската војска му подари на Косово опрема во вредност од два милиони евра

четврток, 08 ноември 2018, 14:48ч.   |   Z.H.

 Германската војска, Бундесверот, му подари денеска на Косово опрема и технологија во вредност од околу два милиони евра.

 
Информацијата, преку својата страница на Фејсбук, ја објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, кој престојува во Призрен каде што го посети новиот Иновативен и тренинг парк, односно досегашната германска воена база во тој град.
 
– Како доказ на постојаната грижа на Германија за нашиот народ, околу два милиони евра опрема и технологија од Бундесверот денеска му беа подарени на Косово. Иновативниот и тренинг парк, кој се претвора во силна адреса на германската држава во Косово, се наоѓа во својата финална фаза. Создавањето на овој парк, каде што секогаш високо ќе се вее германското знаме, претставува силна основа на косовско-германското пријателство - напиша Харадинај, нагласувајќи дека народот на Косово ќе биде „вечно благодарен на германскиот народ и држава“.
 
Премиерот со соработници го посети и меморијалниот споменик на германските војници кои служеле во Косово.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
По само 5 дена заеднички живот, поранешната сопруга живи ги запалила- детали за пожарот кој го потресе регионот
Капучино 6 евра, хамбургер дури 22 - во оваа балканска земја е поскапо и од Мајорка
Опозицијата официјално го освои Истанбул, но Ердоган повлече потег со кој сака да го врати
Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа - ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт
Во полициска акција во Атина утрово упасени 90 лица
Холандскиот Парламент изгласа суспензија на визниот режим за Албанија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.