МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Парламентарни заедно со претседателските, заради цензусот
Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени
Законот за употреба на јазиците испратен до Венецијанската комисија
Спорт
Мата откри што му порачал на Јанг пред клучниот слободен удар против Јувентус

Мата откри што му порачал на Јанг пред клучниот слободен удар против Јувентус

четврток, 08 ноември 2018, 13:13ч.   |   Xh.I.

Еден од „виновниците“ за пресвртот на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Јувентус, Хуан Мата откри што му рекол на Ешли Јанг, пред слободниот удар по кој „Ѓаволите“ стигнаа до израмнување.

Јанг кој исто така е одличен изведувач на слободни удари беше блиску до топката, но Мата призна дека побарал тој да го изведе, на што капитенот на Манчестер Јунајтед се согласил.

-Само што видов дека има слободен удар од таа позиција бев самоуверен дека треба да го изведам. Му реков на Еш: „Те молам остави ме да го изведам, можам да го прескокнам ѕидот“.

-Тешко е за голманите затоа што не гледаат многу кога живиот ѕид им е блиску, па се обидов да го сторам тоа што го правам на тренинзите многу пати. Беше важно да се постигне гол за да се изедначи резултатот, а потоа дојдовме и до водство од 2:1. Мислам дека поради тајмингот и поради важноста на натпреварот, ова е мојот најдобар гол кој го имам постигнато- истакна Хуан Мата.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
Челзи објави рекордно зголемување на приходите
Манџукиќ се огласи откако Италијанците му ја „завршија“ кариерата
Скромниот Солскјер импресионираше со изјавата откако го израмни историскиот рекорд во Јунајтед
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.