МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата..
Макрадули: Планираме за две години да го намалиме загадувањето на воздухот за 50 отст..
Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници
Орбан: Прашајте ги адвокатите зошто Груевски не е во транзитен центар
Македонија
Европратеникот Кулоглу: Идејата за подобар договор во иднина е смешна, Преспанскиот заслужува Нобелова награда за мир

Европратеникот Кулоглу: Идејата за подобар договор во иднина е смешна, Преспанскиот заслужува Нобелова награда за мир

среда, 07 ноември 2018, 13:15ч.   |   Xh.I.

Грчкиот европратеник од СИРИЗА и долгогодишен новинар, Стелиос Кулоглу, вели дека нема сомнеж дека Преспанскиот договор ќе помине во Грција и смета дека тој треба да добие меѓународно признание, на пример во облик на Нобелова награда за мир.

Заев и Ципрас, вели Кулоглу во разговор за МИА, покажаа политичка храброст и тоа треба да добие симболично признание на меѓународно ниво.

„Ако зборувате со кого било во Европскиот Парламент, од левицата или од десницата, ќе ви го кажат истото. Дека е фундаментален договор за стабилноста и мирот на Западниот Балкан и многу ќе придонесе за стабилноста на цела Европа. И не само тоа, туку е и модел за решавање спорови кој може да биде репродуциран во други конфликти“, изјавил Кулоглу.

Според грчкиот европратеник, обезбедено е апсолутно мнозинство во грчкиот Парламент, вклучително и поддршка од пратеници на националистичката партија и коалициски партнер на СИРИЗА, АНЕЛ, и покрај ставовите на лидерот Каменос.

Кулоглу им порачува на македонските пратеници и политичари кои се против Преспанскиот договор да обрнат внимание на националистичките гласови во Грција кои се противат на овој договор, и порачува дека идејата за подобар договор во иднина е смешна.

„Истиот аргумент го користи и опозицијата во Грција. Дека ќе преговараат подобар договор. Подобар за кого? Подобар за Грција значи против македонските интереси и обратно. Сосема надреално е. Тоа е демагошка, популистичка и националистичка позиција“, вели Кулоглу, кој екстремистичките позиции од двете страни на границите ги нарекува “подземен тунел на идиоти и демагози“ кои меѓусебно се потхрануваат.

Според него, аргументите на грчката опозиција против Договорот поради признавањето на македонскиот јазик и нација немаат место во политиката и дипломатијата.

„Аргументот им е дека се откажуваме од македонскиот јазик и нација. Не е на нас да одлучиме кој јазик зборуваат нашите соседи, не сме професори по лингвистика. Во грчката литература од почетокот на дваесеттиот век, ‘патриотиски‘ писатели, со нацоналистички позиции, споменуваат македонски јазик за јазикот кој го говорело славомакедонското население. Ова не е прашање за дипломатија. Истото е со прашањето за нацијата. Велат дека се откажуваме од нацијата, но во Грција нема македонска нација од која ние се откажуваме. Има северни Грци кои се нарекуваат Македонци, но тоа не е научен термин“, објаснува европратеникот.

За Кулоглу Преспанскиот договор претставува признавање од двете страни за грешките од минатото во овој спор и е конечно можност да се гледа кон иднината, наместо минатото и симболите.

„Иднината на вашата земја нема да се реши со детали од еден договор, иднината на земјата е во големата ориентација за влез во ЕУ, во НАТО ако сакате. Ако правите договор секоја страна треба да признае кои се нејзините сопствени грешки. Од страна на Грција овој договор претставува признание за начинот на кој му се пристапуваше на овој проблем. Од другата страна треба да се признаат исто грешките, и да се оди напред“, вели Кулоглу.

МИА
 

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.