МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Унгарската амбасада во Тирана не коментира дали Груевски минал една ноќ во амбасадата..
Макрадули: Планираме за две години да го намалиме загадувањето на воздухот за 50 отст..
Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници
Орбан: Прашајте ги адвокатите зошто Груевски не е во транзитен центар
Македонија
СДСМ: Комисијата за заштита од дискриминација ја злоупотреби позицијата

СДСМ: Комисијата за заштита од дискриминација ја злоупотреби позицијата

среда, 07 ноември 2018, 13:14ч.   |   Xh.I.

Партизираната Комисија под контрола на антизападната ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби позицијата и се стави во одбрана на криминалот на Груевски, исто како и Мицкоски, реагира СДСМ по оценката на Комисијата за заштита од дискриминација дека експремиерот Никола Груевски бил дискриминиран од страна на судот и судијката Добрила Кацарска во процесот „Тенк“ за набавката на мерцедесот, за што Груевски беше осуден на две години затворска казна.

„Лица блиски до антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот ментор Никола Груевски, меѓу кои и поранешниот пратеник од оваа партија Александар Спасеновски, но и Александар Даштевски и Тони Науноски се посветија во одбрана на осудениот Никола Груевски. Јавноста знае дека сите членови на оваа комисија беа избрани во јануари 2016 година без присуство на тогашната опозиција“, се вели во реакцијата на СДСМ.

СДСМ преку соопштение додава дека  Македонија е правна држава и одговорност треба да понесе секој што постапил незаконски. Ова е уште потврда, велат социјалдемократите, дека е неопходна итна реформа на Комисијата за заштита од дискриминација, која треба да прерасне во независно, стручно тело, со зголемени надлежности, составено исклучиво од лица кои се посветени на заштитата на човековите права.

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Иво Котевски за „Пинк“: Заев ќе изгубеше на предвремени избори
Емилија Александрова: Тоа што ме исклучија од ВМРО-ДПМНЕ го доживеав многу тешко, но не им се лутам
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
Николовски: Груевски останува во ВМРО-ДПМНЕ, не учествувал во обезбедувањето на 2/3 мнозинство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.