МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон
Заев категоричен: „Не ни помислувам за смена на Катица Јанева“
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски и Чавков се жртви на политички монтирани случаи
ДИК: На претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани ..
Занимиливости
Сатаната скриен во фреска во базилика, седум века останало тајна

Сатаната скриен во фреска во базилика, седум века останало тајна

среда, 07 ноември 2018, 12:22ч.   |   Z.H.

 Кога ќе погледнете кон таванот на базиликата „Свети Франциско“ во гратчето Асизи во Италија, сигурно не очекувате да го видите лицето на ѓаволот.

 
Сепак, во фреската на куполата на црквата токму ликот на Луцифер е скриен меѓу облаците.
 
Ренесансните уметници имале чудна смисла за хумор. Микеланџело во Систинската капела скрил мноштво „тајни знаци за предноста на науката пред верата“, а Леонардо скрил – жена во „Тајната вечера”.
 
Слично на тоа, и познатиот сликар Џиото во 13. век го сместил ѓаволот во сликата што ја опишува смртта на Свети Франциско од Асизи, но така што ако не се доближите до таванот, нема да го забележите.
 
Стручните лица го откриле тоа дури кога базиликата е подложена на реставрација по силен земјотрес во 1997 година. Приближно 700 години „шегата“ на Џиото останала тајна.
Со длабоки очи, остар нос, лукава насмевка и рогови, сатаната се појавува во фреската на која е прикажана смртта на Свети Франциско. Но, според стручните лица, ни Џиото не очекувал некој да го види тоа бргу по создавањето на сликата.
Всушност, официјалната верзија на приказната е дека уметникот со ова сакал „да се пошегува“, но и да се одмазди. Ликот на „сатаната“ најверојатно припаѓа на човек, кого Џиото го познавал, но неговиот идентитет засега останува тајна.
Мистериозната фреска е уникатна поради уште една причина. Таквата сликарска техника, според доскорешните научни сознанија, почнала да се користи околу 1460 година, речиси два века по смртта на Џиото.

© ЖУРНАЛ    ~207,69

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Оваа куќа се гради за еден ден, а чини помалку од 29.000 евра – отпорна е на земјотреси, има соларни плочи (Видео)
Ова чудо се појавило на плажа и ги изненадило биолозите (Фото)
Еден од најагресивните видови: Воочено отровно суштество врз главите на патниците во авионот, веднаш почнала паника (Видео)
На Гинекологија се роди најголемото бебе родено во државата
"Ми се закануваат со смрт" - Манекенката се соочува со сериозни навреди поради нејзиниот изглед
Момчето кое живееше со кучиња низ улиците во Москва, денес е успешен маж
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.