Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Средба меѓу Ципрас и Заев во Давос

Споменикот на Ќосето отстранет од пред Врховен суд
Почина ексминистерот за животна средина Абдилаќим Адеми
ЕВН ги санираше дефектите на среднонапонско ниво
Судскиот совет ќе расправа дали да поведе постапка за разрешување судија

Македонија

Средба меѓу Ципрас и Заев во Давос
Cipras-800x445.jpg

Во рамките на Светскиот економски форум што ќе се одржи во Давос, Швајцарија,  од 23 до 26 јануари  според онлајн изданието на грчкиот весник “Real”, македонскиот и грчкиот премиер ќе одржат билатерална средба.

Според информациите освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете земји. Грчките медиуми во изминатиот период шпекулираа дека е можна средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на форумот, но не постоеше потврда ниту од едната ниту од другата страна.

Единствено, од владината прес служба, пред три дена соопштија дека владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 25 и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој ќе се одржува во Давос, Швајцарија. Датуми, што не се поклопуваат со терминот објавен од грчкиот портал.

 14.01.2018, 23:57  | B.M. | 65

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

6002
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.