МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Економија
Тевдовски: 10,2 милијарди повеќе за здравство, образование и социјална заштита во 2019

Тевдовски: 10,2 милијарди повеќе за здравство, образование и социјална заштита во 2019

четврток, 29 ноември 2018, 12:36ч.   |   Xh.I.

Во Буџетот за 2019 година има 10,2 милијарди денари повеќе средства за здравство, образование и социјална заштита.

И годинава во Буџетот за овие намени има алоцирано повеќе средства во однос на минатата година. Тоа значи дека во континуитет се работи на зајакнување на овие сектори, а со тоа се вложува во човечкиот потенцијал и во зголемување на продуктивноста, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната презентација на „Систематската дијагностика за земјата", изработена од Светска банка.

Според него, клучен фактор за економски развој и борба против сиромаштијата е човечкиот капитал. – Со вложување во луѓето, се зголемува продуктивноста, што ќе го поттикне економскиот раст и ќе креира подобро платени работни места, смета Тевдовски.

Министерот за финансии истакна дека Владата има направено сеопфатна реформа на системот за социјална помош и детска заштита и дека со реформата Македонија е прва во регионот што воведува гарантиран минимален приход, а ќе се зголеми и опфатот на детскиот и образовен додаток.

Во однос на образованието, министерот рече дека се работи на зголемување на опфатот на децата во претшколско образование. Целта е опфатот да се зголеми од 30 отсто на 50 отсто.

Се работи и на подобрување на инфраструктурата, како и на квалитетот на програмите, како во образованието, така и во здравството.

Тевдовски рече дека подобро платените вработени се попродуктивни. Затоа Владата и оваа и следната година ги зголемува платите на вработените во клучните сектори, како здравството, образованието и детската грижа.

-Имаме реален проблем во здравството со одлив на кадри. За таа цел и годинава и следната година предвидовме зголемување на платите на здравствените работници, со дополнително зголемување од 10 отсто за специјалистите. Кога вработените се подобро платени, тие се попродуктивни. За таа цел, ги зголемуваме платите и во образованието и детската грижа. Покрај јавниот сектор, со воведување на повисоко ниво на минимална плата, како и владините мерки за поддршка на раст на платите, се придвижи спиралата на плати и во приватниот сектор, рече Тевдовски.

Тој додаде  дека Владата работи и на отворање нови работни места. И следната година во Буџетот се предвидува највисоко ниво на средства за активните мерки за вработување. Се предвидуваат и мерките за поддршка на фирмите, кои треба да ја поттикнат иновативноста, извозот, инвестициите и отворање на нови работни места.

© ЖУРНАЛ    ~76,26

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Бензините поевтинуваат за 4 и 4,5 денари
Горивата поевтинуваат за 3,5 и 4 денари
Тевдовски: 10,2 милијарди повеќе за здравство, образование и социјална заштита во 2019
Банкарите бараат одложување на оданочувањето на каматите
Тевдовски во Виена: Фискалната транспарентност е значително подобрена
Арсовски: Европската комисија потврди дека економијата оди надолу
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.