Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Ципрас ја смирува Грчката црква, Мицотакис го критикува за тајна дипломатија за името

Великов Петков: Бугарија ја поддржува Македонија за влез во ЕУ
Средба меѓу Ципрас и Заев во Давос
Законот за јазици е пред Иванов - Внимателно ќе решава за вето
Донесениот Закон за јазиците предвидува двојазични униформи, печати, поштенски марки,..

Регион

Ципрас ја смирува Грчката црква, Мицотакис го критикува за тајна дипломатија за името
mkd-357616.jpg

 Грчкиот премиер Алексис Ципрас го смирувал поглаварот на Грчката православна цркава, архиепископот Јеронимос дека владата ќе ги штити националните интереси на земјата во решавањето на спорот за името. 

„Што се однесува до прашањето за нашите односи со БЈРМ, дозволете ми да ве уверам дека мојата влада е решена да се справува со него со чувство на национална одговорност, цврста одбрана на националните интереси и градење односи на мир, соработка и пријателство со сите луѓе во регионот“, напишал Ципрас во писмото до архиепископот откако Светиот синод на Грчката црква соопшти дека нема да прифати употреба на терминот Македонија во решението за името.
 
Ципрас, како шро пренесува „Грикрипортер“, уште додал дека владата ќе ја земе предвид загриженоста на Црквата и повикал на национално единство.
 
И додека премиерот ја убедува Црквата, лидерот на опозициската Нова демократија ја критикува владата дека наместо да се стреми кон национален консензус, води тајна дипломатија, без да ги извести партиите.
 
Кирјакос Мицотакис, за време на неговата турнеја во Северна Грција, на средбите со граѓаните и градоначалниците, говорел и за прашањето за името и ја споменал и средбата на двајцата министри за надворешни работи, велејќи дека слушнал дека Коѕијас е во Солун за да се сретне со Димитров.
 
„Не знаеме што разговараат, не знаеме за што преговараат, не знаеме што имаат дадено, што земале. Не знаеме ништо“, изјави рече Мицоткаис.
 
Тој, како што пренесува МИА, порачал дека владата треба да запре со постапките кои ги делат Грците.
 
„Од овде, од најсеверната граница на земјата, сакам уште еднаш да ја повикам владата, одговорно да ја извести опозицијата за важното прашање за името на Скопје и конечно да запре да се занимава со тајна дипломатија. Исто така, барам од владата да запре да ги дели Грците. И да запре, луѓето што имаат посебна чувствителност за прашањето за името на Скопје, да ги поистоветува со радикалната десница“, изјавил Мицотакис. 
 12.01.2018, 14:09  | Z.H. | 30

 

© ZURNAL.mk

 Регион 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

44830
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.