Журнал - Новинска агенција

Zurnal.mk

Димовски и Милошоски не добиле покана за седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки

Македонија

Димовски и Милошоски не добиле покана за седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
Ilija-Dimovski-4.jpg

Дел од партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои јавно го критикуваа процесот за избор на нов партиски лидер, не се повикани на седницата на Централниот комитет на партијата. Како што потврди за „Макфакс“ , Илија Димовски, тие воопшто не добиле покана за вечерашната седница на ЦК, на која треба да се избере нов Извршен комитет.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неколку наврати порача дека неговото мото е обединување и дека вратата останува отворена за секој добронамерен граѓанин и сопартиец, како и дека има одлична комуникација со некои од потписниците на отвореното писмо.

Пред одржувањето на Конгресот за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Трајко Вељаноски и триесетина други поранешни и актуелни партиски функционери се потпишаа на отвореното писмо со кое обвинија за недемократска и нетранспарентна атмосфера за избор на нов лидер, со фаворизирање на само еден кандидат и побараа одлагање на Конгресот за февруари, но иницијативата беше одбиена.

 12.01.2018, 13:42  | Xh.I. | 142

 

© ZURNAL.mk

 Македонија 

НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"

Димитрие Чуповски 4/2-11
Скопје, Република Македонија
Телефон: 02 3217 815
Е-пошта: info @ zurnal.mk

5519
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.