МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Македонија
Груевски добил азил во Унгарија?

Груевски добил азил во Унгарија?

вторник, 20 ноември 2018, 11:18ч.   |   Xh.I.

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали е одобрено или одбиено, пишува „24.ху“. Унгарските медиуми веќе пишуваат дека барањето за азил на Груевски е одобрено. „Макфакс“ го контактираше Министерството за внатрешни работи на Унгарија, од каде засега, нема одговор.

Македонија денес ќе го достави барањето за екстрадиција на Груевски, вели министерката за правда Рената Дескоска-Треневска, според која дури и тој да добил азил во Унгарија, процедурата ќе продолжи.

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во таа држава. На зградата на парламентот беше истакнат транспарент со натпис „Груевски ВИП-мигрант на Орбан“. Будимпешта тврди дека Скопје сè уште не поднело барање за екстрадиција на поранешниот премиер.

Пратениците во унгарскиот парламент жестоко го критикуваа премиерот Виктор Орбан поради начинот на кој Будимпешта го води случајот на експремиерот на Република Македонија, Никола Груевски, кој два дена пред издавање на меѓународната потерница ја напушти земјата и преку неколку држави стигна во Унгарија.

Одговарајќи на прашања на пратениците, државниот секретар Балаш Орбан рекол дека Груевски по доаѓањето во Будимпешта побарал азил, но унгарскиот портал „Индекс“ забележува дека засега нема информации во која држава побарал азил Груевски.

Балаш Орбан исто така нагласил дека Унгарија не му помогнала на Груевски да ја напушти Македонија, како и дека однесувањето на Будимпешта кон експремиерот на Македонија било резултат на безбедносни причини.

© ЖУРНАЛ    ~376,128

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.