МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонија - од една во друга партизирана администрација
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест во недела: Македонија се гуши, ова црнило..
МВР: Казни од 200 до 500 евра за употреба на пиротехника
Семејството на убиениот Саздо бара 10 милиони денари отштета
Македонија
Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот

Заев уверува дека Груевски ќе биде вратен, Унгарија решава за азилот

недела, 18 ноември 2018, 09:13ч.   |   Z.H.

 Премиерот Зоран Заев  уверува дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е осуден на двегодишна затворска казна, а избега во Унгарија, ќе биде вратен во државата.

– Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен. Унгарија треба да каже дали бил киднапиран, дали по своја волја влегол во дипломатско возило, рече Заев во интервју за Алсат М, кое вчера беше пренесено од македонските медиуми. Притоа, тој го посочува примерот со поранешниот хрватски премиер Иво Санадер кој избега од Хрватска откако беше осуден, но по една година, беше фатен и испорачан на хрватските власти.
 
И додека во Македонија се подготвува барањето и документацијата за екстрадицијата на Груевски, а унгарските власти го разгледуваат неговото барање за политички азил, во македонското Министерство за внатрешни работи се водат две истраги кои треба да утврдат како избегал Груевски и дали некој од полицијата му помогнал, по што се очекува МВР да излезе со детали.
 
– Ако се утврди одговорност, ќе понесе одговорност, па кој сака нека е во државата, почнувајќи од мене, па кој било друг. Но, не можеме да разрешуваме затоа што е гневна јавноста, рече Заев во интервјуто за Алсат М.
 
Досега, македонското Министерство за внатрешни работи и Обвинителството не излегоа со официјални информации за бегството и движењето на Груевски и за тоа каде се пропустите во целиот случај.
 
Она што досега се знае за рутата по која се движел Груевски, а за што потврда стигна од албанската полиција, е дека тој бил на албанска територија и од таму преку преминот Хан Хоти се упатил кон Црна Гора. Портпаролот на албанската полиција за АТФ изјави дека Груевски во Абанија несомнено влегол пеш бидејќи неговиот влез не е регистриран на ниту еден граничен премин меѓу Македонија и Албанија. Од Албанија влегол во Црна Гора од каде, според  српските и црногорските медиуми, кои се повикуваат на дипломатски извори, влегол во Србија преку граниччниот премин Добраково, а оттаму заминал за Унгарија.
 
Дел од домашните медиуми вчера ја пренесоа и информацијата на бугарски „Фокус" дека Груевски ја напуштил Унгарија и заминал за Турција или Русија.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Орбан пред пратениците го бранеше политичкиот азил на Груевски
Иванов може да го помилува Груевски, по негова молба или на Боркица, Мијалков или мајка му Нада
Интервју со Филип Ачкоски, топ едукатор: Расте интересот за здрав живот
Мукоски: Им благодарам што им текна да ме посетат, ама протестното писмо за уставните измени е на погрешна адреса
Груевски добил азил во Унгарија?
Вистината за 27 април ја видов на осми кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откри Нинџа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.