МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Економија
Јаневски:Туризмот во Македонија во добра кондиција, треба да се работи на квалитет

Јаневски:Туризмот во Македонија во добра кондиција, треба да се работи на квалитет

петок, 16 ноември 2018, 09:41ч.   |   Xh.I.

Туризмот како стопанска дејност во светски рамки учествува со просечно десет проценти во Бруто домашниот производ  (БДП) на секоја економија.

Секое деветто вработување е во областа на туризмот, а токму со својата моќност како економска гранка туризмот секоја година ги урива рекордите и парадоксите, како и предвидувањата дури и на најопстимистичките експерти во областа.

Ова го посочува директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски во интервјуто за МИА во кое додава дека туризмот зачинет со останатите елементи на економијата дава добра слика во БДП-то на земјата.

Според него македонската туристичка индустрија е во добра кондиција, но мора да се работи на поголем квалитет на понудата.

– Кога ќе ги погледнеме статистиките, ние сме во добра кондиција. Туризмот во Македонија во последната деценија расте, со бројот на туристи приближно околу 150 проценти и 140 проценти со бројот ноќевања. Во последните осум месеци имаме зголемување на бројот туристи за 15 проценти, односно зголемување на бројот ноќевања за 16 отсто. Тоа е материјализирано со 26,5-процентно зголемување на директниот девизен прилив во македонското стопанство од секторот туризам. За првпат во Македонија во првите шест месеци оваа година се влеале директно 151,2 милиони долари. Тоа помножено со 2,3 ја дава директната додадена вредност на туризмот во другите гранки на економијата. Јас се надевам и храбро изјавив во февруари дека во Македонија оваа година ќе има 1,2 милиони туристи и 3,2 милиони ноќевања, со вкупно остварени околу 400 милиони долари директен економски импакт од туризмот. Тоа воопшто не е малку, оттаму што туризмот е двигател на економијата во одреден број земји. Но дали квантитетот ќе го донесе квалитетот, тоа е она што е потребно во туризмот, како да добиеме бенефит од се она што се случува, како да ги задржиме подолго туристите и како тие повеќе да потрошат во Македонија. Можеби сме на пат да успееме./МИА.

© ЖУРНАЛ    ~69,23

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник? Издаден водич од кој граѓаните ќе разберат дали се ДДВ обврзници
Голем интерес за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари
ЛИЦЕНЦИ ЗА ПАЗАРЏИИТЕ: Кој ќе бара повлекување на законот
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд
Проект на ЕУ, МВР и НБРМ за поефикасна борба против фалсификување евра
Во РЕК Битола планирано исклучување на Блок 3
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.