МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Колумни
Отсутниот Грујо ќе го урне присутниот Заев?

Отсутниот Грујо ќе го урне присутниот Заев?

четврток, 15 ноември 2018, 12:42ч.   |   Xh.I.

пишува: Сашо Орданоски

Фактот што поминуваат пет дена без официјален јавен извештај за фактичките околности околу бегството на Никола Груевски од земјава, мене ми говори за тоа дека или се работи за целосна неспособност на надлежните служби за реконструкција на тие настани; или за целосно неснаоѓање во менаџирањето на односите со јавноста во врска со тие околности; или за тоа дека власта, на некаков начин, е вмешана во неговото бегство, односно некој некого се обидува да го „намести“ за тоа. Можна е и некоја комбинација од овие три можности.

Првото правило во секој прирачник за менаџирање на кризи – а оваа се заканува да ги загрози виталните функции за натамошниот кредибилитет на оваа власт – е дека, во која било криза (од уривање на авион, преку драма на берзите, до љубовна афера или атентат врз претседател!), најитно мора да се востанови ФАКТИЧКАТА ситуација (дури и без разлика дали сликата од настаните е целосна). Потоа, таа фактичка ситуација што побрзо и транспарентно треба да се соопшти во јавноста (тоа се нарекува: контрола на јавниот наратив), за да се пресретнат дополните штети што неинфомираната и љубопитна јавност ќе ги прави во однос на кризата, низ шпекулации, озборувања, спинови, но и дезинформации, ширење лаги и разни пропаганди, што само ја усложнува целата состојбата за одговорните кои треба да ја менаџираат таа криза.

Тоа оваа власт, фрапантно, не го прави. Со секој изминат час, се зголемува бројот на оние кои мислат дека Заев се договорил со Груевски непречено да побегне од земјата. Власта како да не разбира дека кога, на твоја сметка, ќе ти направат стотици заебанции по социјалните мрежи, ништо не може да биде исто како пред тоа. Прашајте го Грујо (на фејсбук, додуше), така падна тој после десетина години цврста автократија, а не па овие ветрушки од СДСМ што да паднат од чамец среде езеро, ни водата не би ја погодиле.

Сите околности, познати на јавноста, упатуваат на тоа дека бегството на Груевски не е афективен чин на осуденикот, туку е операција подготвувана подолго време, со поддршка на домашни и странски елементи и цели странски служби кои, очигледно, не го помагале бегството само вон границите на државата Македонија. Сите индиции, пак, говорат дека тоа се луѓе кои се вмешани и во низа претходни груби нарушувања на правниот и безбедносниот систем во државата, а и понатаму се толерираат во нивното непречено делување во поткопување на уставниот поредок на Македонија. Некои од тие луѓе се во униформи или на државни функции, платени од буџетот на оваа држава. Да констатираме: и оваа ујдурма им успеа, можеби и повеќе одошто се надевале.

Гледајте: акција „Сабја“ правите пред или после атентат врз премиер; исто како со противпожарните апарати, што ги набавувате пред или после пожар – само што штетата е различна. Мислам дека пред некој месец тој стил на Заев го квалификував како „лигавење“ на сите четири страни…

Така, на пример, ако експресно се определува притвор за Јанакиевски и Божиновски заради тоа што „планирале да ја напуштат државата на ист начин како и Груевски“, акцентот во оваа официјална вест е во „истиот начин“ на тие подготвителни дејства. Тогаш некој треба да ѝ објасни на јавноста што подразбирал тој „план“, ист како оној на Груевски?

Оваа итна „форензичка активност“ е единствениот пат за опоравување на довербата во јавноста, без разлика што некој функционер ќе излезе кабает за непреземени или задоцнети „мерки и активности“.

Има голема иронија во тоа што Груевски со своето храбро бегство, а не со кукавичкото присуство во Македонија, може и да ја урне Владата на Заев… Да се скинеш од смеење! Не сум чул за поевтина операција за рушење на една власт…

© ЖУРНАЛ    ~202,68

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
Заедничкиот кандидат само на хартија
Врвни превари!
НАТО
Македонските политичари и Бил Гејтс
Умните наспроти мнозинството
Мојот фаворит е Стево
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.