МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Колумни
Тромавоста на прогонот

Тромавоста на прогонот

среда, 14 ноември 2018, 10:12ч.   |   Xh.I.

Пропуштањето на должниот надзор на полицијата кон движењата на поранешниот пример во центарот на Скопје, кој сега е во бегство неминовно го наметнува прашањето – дали ги земаме правата и реформата на полицијата сериозно? Овој последен чин на четвртиот бегалец од правдата zнаметнува обврска кон државата да не пропушти уште една прилика да ја осовремени полициската регулативa.

Последниот пропуст и вперување на прстот кон судот укажува на фактот дека органите на прогонот не научија ништо од првичните позитивни искуства од реформата на судството и казненото законодавство, применувањето на одредбите на Законот за кривична постапка и подреденоста на полицијата на јавниот обвинител во смисла на обезбедување на ефикасност и ефективност на органите на прогонот во кривичната постапка.

Обвинувањето дека судот направил грешка во овој предмет е крајно несериозно. Самото донесување на пресуда со затворска казна спрема поранешниот премиер во овој „полесен“ случај укажува на успешното престројување на судот во одлучување на овие комплексни предмети на СЈО, во улога на гарант на заштитата на интересите на правдата и јавниот интерес на граѓаните. Судот суди во рамки на поднесениот обвинителен акт и определува притвор и други предлог мерки само по барање на јавниот обвинител, никогаш по своја иницијатива бидејќи тоа е недозволено. Да се даде притвор првично требало и да се побара. Тој во овој предмет успеал да ги утврди фактите на искористување на државниот буџет и самата држава за приватни индивидуални цели, што укажува на неговата активна улога. Спрема тоа вината во овој конкретен случај треба да се бара во самата полиција, поради недостиг на оперативни сознанија или во полициската регулатива.

Полицијата во кривичната постапка се дефинира како клучен играч кој има фактички монопол кон истрагите и е орган од кого најмногу зависи кој и дали ќе одговара за сторено кривично дело и орган кој е во целосна подреденост на обвинителството. Ако се знае дека нашата полиција сè уште има сериозни проблеми, делот од реформите кој насочен кон менување на односите помеѓу субјектите во казненоправниот систем во смисла на поголема подреденост и контрола над полицијата од страна на јавното обвинителство се поставува како приоритет.

Од аспект на полициската регулатива, во една европска држава се очекува полициските овластувања да се уредат темелно и мунициозно, како во операционалнизацијата и професионалноста на кадрите, така и во организациската поставеност. Законот за полиција и внатрешните правилници за полициско постапување засега не се на висина на оваа задача поради постоење на делумна неусогласеност со одредбите од Законот за кривична постапка. Така на пример предистражната полициска постапка се уредува така што едвај се споменува јавното обвинителство, а Правосудната полиција не се споменува а старешините на правосудната полиција не ги ни „регистрира“! Во таа смисла Законот за кривичната постапка предвидува многу поконкретно раководење на постапката отколку Законот за полиција. Дополнителен проблем кон оваа семантика се наметнува и терминот полициски работи кој е вистински „бисер“ во Законот за полиција и воедно најпроблематичен. Понатаму статусот и регулирањето на УБК и сл. Кон таа насока се и ограничувањата за полицијата кои се вградени во Уставот се одраз на недовербата во капацитетот на полицијата да постапува согласно принципите на правната држава во која владее правото. Дополнително тоа е потврдено и кај меѓународните документи за човекови права, Уставот на републиката и законските прописи кои гласно поаѓаат од една силно изразена недоверба кон полицијата на една страна и и голема доверба во судовите на друга, а тоа не е без причина.
Од обвинителска страна, во кривичната постапка нема повеќе судски патернализам и целата истражна постапка е предводена од обвинителот кој ја користи полицијата како ефективен орган на прогонот со сите капацитети кои ги има на располагање. Судот во истражната постапка е присутен само преку судијата на истражна постапка кој одлучува за ограничување на правата и слободите на обвинетите во постапката во смисла на одредување на мерка за обезбедување на присуство (мерки на претпазливост, приведување, лишување од слобода и сл.). Во таа смисла треба да се напомене дека во предметот „Тенк“, од страна на обвинителството не беа побарани мерки на претпазливост, ниту мерка притвор како крајна мерка за обезбедување на присуство, во споредба со „Титаник“ каде беа побарани и одобрени мерката за претпазливост – јавување во судот и одземање на патната исправа. Можеби треба да се размислува во насока зошто не беше и побарана мерката притвор, доколку обвнителството согласно доказите кои ги поседува, знаело за личноста и карактерот на обвинетото лице и можноста за бегство.

Меѓутоа сега настанува друг предизвик на органите на прогонот, во кој тие ќе ја иницираат екстрадиционата постапката која во принцип е бавна, особено доколку екстрадицијата се бара од држава со демократски дефицит. Дали ќе ја имаме во овој случај истата судбина како со Христо и Неџби, останува да видиме.

М-р Андреј Божиновски
Правен советник

© ЖУРНАЛ    ~81,27

НАЈЧИТАНИ ОД КОЛУМНИ
АМНЕСТИЈА: Примарната задача на политиката е да избегне насилство
Изгласајте иднина, па на работа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.