МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Груби до пратениците: Не се кријте зад народот и не мислите на следните избори
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент
Костадинов: Со иницијатива до Уставен, бранителите на Груевски сакаат да го спасат од..
Томе Аџиев на распит во СЈО за случајот „Моќник“
Македонија
На уредничката на Сител, Талевска ќе и се суди за „Тифани“, судот го прифати обвинението

На уредничката на Сител, Талевска ќе и се суди за „Тифани“, судот го прифати обвинението

четврток, 11 јануари 2018, 16:38ч.   |   Z.H.

 Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тифани" во кој уредничката на телевизија Сител, Ивона Талевска е обвинета за даночно затајување. Откако предметот ќе биде распореден кај судија, ќе треба да се закаже главна расправа за старт на овој судски процес

„Судија за оценка на обвинител акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое приговорите се одбиваат, а обвинението се одобрува во целост.
Откако, по одобреното обвинение, ќе биде оформен кривичен предмет, распределен кај судија за понатамошно постапување и насрочена главна расправа, судот дополнително ќе ја информира јавноста", се вели во соопштението на Кривичниот суд.
 
Осомничената за периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да одбегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите кои се однесуваат за пресметување данок.
 
Според СЈО, Талевска за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1.009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на осомничената одбегнале да платат даночни обврски во износ од 37.634 евра, а осомничената одбегнала да плати даночни обврски во износ од 16.924 евра.

© ЖУРНАЛ    ~140,48

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Весна Пешиќ: Не гледам зошто ви пречи да се викате Северна Македонија!
Јорданов: Ми извадија список дека должам 30 милиони евра
Денко Малески: Кој ни гарантира дека ке останеме Македонци во Северна Македонија?
Лицитација со вмровските пратеници
Адеми до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Се откажав од идеалот за Голема Албанија, понекогаш треба да направите отстапка
ВМРО-ДПМНЕ го разреши реформаторот Петар Богојески од функцијата заменик генерален секретар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2018 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.