МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Бошњаковски: Алатката за отчетност на министрите ќе биде ажурирана
Поднесено обвинение за обид за убиство во Батинци
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Талат Џафери и директорот на Службен весни..
Поништен огласот за именување членови на Антикорупциска, новиот состав според новиот ..
Македонија
Кадриу: Функцијата уставен судија носи голема одговорност

Кадриу: Функцијата уставен судија носи голема одговорност

четврток, 11 јануари 2018, 15:37ч.   |   Z.H.

 Новоизбраниот судија во Уставниот суд Осман Кадриу денеска по неговиот избор во Собранието на Република Македонија изјави дека покрај привилегиите што ги има оваа функција, таа носи и голема одговорност.

 
- Оваа функција е одговорна дотолку повеќе што и надлежностите на Уставниот суд се мошне значајни. Преку нив се остварува главниот интерес - интересот на општетството, на граѓаните. Да се штити правниот поредок, уставниот поредок на земјата, значи да се почитува Уставот на земјата, а да се почитува Уставот на земјата, значи да се сака земјата. Уставниот суд претставува стожер и чувар на уставниот поредок на земјата - истакна Кадриу.
 
Според него, донесениот Закон за јазици е во духот на Уставот и уставните норми затоа што прашањето за јазикот е уставна материја и се гарантира со Устав.
 
- Со Законот кој се носи само се предвидува техника, односно како да се оствари правото на албанскиот јазик да се применува како службен јазик во државата - рече Кадриу.
 
За Законот за СЈО за кој има поднесено повеќе иницјативи пред Уставниот суд, Кадриу рече дека одлука за ова ќе донесе Уставниот суд откако ќе бидат разгледани сите правни околности.
 
Дарко Костадиновски нагласи дека ќе ја извршува функцијата совесно, професионално и одговорно, а во однос на Законот за јазиците и Законот за СЈО рече дека ќе се изјасни кога ќе ги види законските решенија. 

© ЖУРНАЛ    ~87,29

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
Бучковски: Законот за амнестија ќе му пресуди на Заев
ОМД: Поништена резолуцијата за поддршка на преспанскиот договор во американскиот Сенат
Бучковски: СДСМ ќе освои 100.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на претседателските избори
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.