![]() |
|
Таравари: Нападот на наставниците во гостиварската гимназија досега невиден настан
Османи: Имплементацијата на планот 3-6-9 ги надмина и најоптимистичките прогнози, оче..
Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“
Коѕијас - Димитров: Уште неколку спорни, но најтешки точки
|
|
Македонија |
|
ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност е неуставен, институциите ќе потонат во преводот ![]() Законот за двојазичност кој денес го изгласа парламентарното мнозинство е неуставен, реагира опозицијата откако денеска мнозинството во Собранието даде зелено светло за Законот за јазици. „Со овој чин власта покажа дека највисокиот правен акт, Уставот на државата за неа е само мртво слово на хартија. Овој закон беше донесен со измама, односно лажно исцртување на европско знаменце, со што беа злоупотребени процедурите за донесување на закони од важност за интеграција на земјата во Европската Унија. Власта треба да сноси одговорност за оваа манипулација со граѓаните“, смета опозицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение потенцираат дека законот не придонесува за реално унапредување на правата на албанската заедница во Македонија, туку напротив ги продлабочува разликите и оди на штета на хомогеноста на македонското општество.
„Двојазичноста ќе креира хаос во правниот промет. Истата ќе создаде неефикасни институции кои ќе потонат во преводот помеѓу јазиците, наместо да бидат од реална полза за граѓаните и да работат во извршување на работата за која постојат. Законот ќе создаде паралелизам во сите институции како на централно ниво, така и на локално ниво. Два јазика – две архиви. Ова ќе предизвика дополнителни финансиски импликации за опрема, нови вработувања и нови простории, трошок кој ќе треба да се покрие од парите на македонските даночни обврзници“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека граѓаните имаат потреба од реални мерки и проекти кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за живот.
ВМРО-ДПМНЕ речиси еден месец не присуствува на седниците во Собранието, во знак на протест против апсењата за настаните што се случија во законодавниот дом на 27-ми април.
© ZURNAL.mk Aktuelno Регион Могерини ја пофали улогата на Црна Гора на БалканотСвет Пентагон: Сириската Влада има капацитет за ограничени хемиски нападиРегион Му го украле велоиспедот на поштарот - три екипи полиција ги бркале крадците во СрбијаСвет Шеснаесет земји со одлука за следење на корупцијата во ВенецуелаРегион Поранешни осуденици ги заменија фантомките со пекарски капчињаРегион Српска листа се откажа од едностраното прогласување на ЗСО
|
|
НОВИНСКА АГЕНЦИЈА "ЖУРНАЛ"Димитрие Чуповски 4/2-11Скопје, Република Македонија Телефон: 02 3217 815 Е-пошта: info @ zurnal.mk 5507
© 2018 Журнал - Новинска агенција. Сите права се заштитени.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија. |